| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Ако треба Владата повторно ќе го намали ДДВ за горивата
Ќе интервенираме со дополнителни мерки, дали ќе бидат таргетирани, дали генерални, како што беше и претходно, но важно е дека прогласивме кризна состојба и ги имаме сите правни механизми за да се преземе овој чекор, рече премиерот
Мицкоски: Ако треба Владата повторно ќе го намали ДДВ за горивата
За жал воените дејства во Заливот се интензивираат, така што очигледно повторно нè очекуваат предизвикувачки денови, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по продолжувањето на растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно.

Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми по прогласената кризна состојба. 

„Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме мерка со намалување дел од акцизите за бензините и за дизел-горивата, за жал, цената на берзите расте, денеска повторно се доближува до  психолошката граница од 100 долари за барел, воените дејства во Заливот се вжештуваат, се интензивираат, така што очигледно повторно нè очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира дека ние како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки, дополнително ги анализираме дали ќе бидат таргетирани, дали генерални, како што беше и претходно. Но важно е дека имаме основа - прогласивме кризна состојба на целата територија на државата до октомври и ги имаме сите правни механизми за да се преземе овој чекор“, изјави Мицкоски.

Прашан дали има услови да се намали ДДВ на горивата, посочи дека тоа е една од опциите и, како што рече, е можеби најмалку поскувана опција бидејќи се одразува на приходите во буџетот, но најважен е стандардот на граѓаните. 

„Да, се разбира, и тоа е една од опциите, тоа е можеби најмалку посакувана опција од аспект на тоа дека сите денеска зборуваат за расходите, а никој не зборува за приходите. Намалувањето на ДДВ-то би било директно на приходите, но нам ни е важен стандардот на граѓаните. Сакаме како Влада секогаш кога е тоа потребно, на граѓаните да им излеземе во пресрет, така што една од опциите е и таа“, изјави премиерот.

Повеќе
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Лавров и Рубио ги завршија разговорите во Манила
Ердоган го угости „Колаче, а не омраза“ момчето, Џошуа Харис, во Истанбул
Мотеги: Ќе продолжи да расте глобалната поддршка за Палестина
Иран продолжи со нападите врз воени објекти на САД во Јордан и Кувајт
Двајца загинати во американски напад врз граничен премин меѓу Иран и Ирак
Хутите тврдат дека нападнале саудиски танкери со ракети и дронови
Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, но не одговараа на новинарски прашања
Судењето на Николас Мадуро и сопругата закажано за 1 јуни 2027 во САД
Зеленски разговараше со претставници на Трамп за дипломатските напори за завршување на војната
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
Утре средба Лавров – Рубио во Манила