| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Клековски: Четири дена без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна има 12 пациенти
Минситерот за зсравство истакна дека ќе треба да се засилат и одредени казнени мерки за општините кои не постапуваат по лаборатите кои им се одобрени од страна на центрите за јавно здравје, иако тоа не е во скопскиот регион
Клековски: Четири дена без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна има 12 пациенти
Во моментов на Инфективната клиника имаме тројца пациенти на интензивна нега, кои се на кислородна поддршка, рече министерот

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

„Значи четврти ден нема нови случаи. Во моментов има 12 хоспитализирани пациенти на Клиниката. Од нив тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка, меѓу кои е и пациентот кој одамна е хоспитализиран и неизвесна е неговата здравствена состојба“, рече Клековски.

Министерот посочи дека без или со епидемија ги преземаат истите мерки, истиот сет на активности кои продолжуваат и натаму и се врши дезинсекција во местото на живеење на пациентите, кај кои е потврден вирусот изминатата недела.

Во меѓувреме, појасни, заврши последното прскање во Скопје и веројатно кога ќе ги сумираaт резултатите ќе ги презентираат пред јавноста, бидејќи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи уште една вонредна контрола на територијата на цела Македонија околу прскањето.

„Ќе ги сумираме тие резултати. Многу е тешко да се предвиди, бидејќи периодот на инкубација е два до 14 дена. Имаме општини каде воопшто не е прскано и нема ниту еден случај. Општините кои се во Повардарието треба да бидат попретпазливи. Има општини кои се меѓу трите каде има најмногу прскања и има случаи со западнонилска треска. Веројатно треба да ги споредиме искуствата од дома и во Грција, и да видиме што подобро прават тие. Во еден разумен период од три до пет години треба да го напуштиме аеропрскањето и да преминеме комплетно на прскање од земја. Периодот е неопходен бидејќи треба да се подготви механизацијата за тој тип работа. Има уште неколку искуства од Грција кои се добри да се применат. Работиме на нив со Центарот за јавно здравје, со Институтот за јавно здравје“, рече Клековски.

Тој истакна дека ќе треба да се засилат и одредени казнени мерки за општините кои не постапуваат по лаборатите кои им се одобрени од страна на центрите за јавно здравје, иако тоа не е во скопскиот регион и со тие мерки треба да исклучат дека нема случаи ниту во Богданци, ниту во Валандово, ниту во други места.

Повеќе
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Карни: Воената акција на САД против Канада е малку веројатно, но сериозно сценарио
Американската администрација подготвува 90 дневна забрана за извоз на дизел
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
Милатовиќ: Да се врати довербата во институциите што ги штитат мирот
Ердоган повика на интеграција на муслиманите, отфрлајќи ја асимилацијата
Трамп го пречека Кси со највисоки државни почести
Федерален суд и наложи на Белата куќа да го врати пристапот на отстранетите медиуми
Лавров: Русија е подготвена за преговори за одржлив и траен мир во Украина
Зеленски повикува на преговори и притисок за постигнување мир со Русија
Ердоган: Стратешката соработка меѓу Туркије и САД се проширува во сите области
Ердоган: Туркије ја поддржува нормализацијата на трговските и транспортните врски со Ерменија
Првата дама на Туркије укажува на еколошката криза и важноста од воспоставување нови системи
Украина и сојузниците ја повикуваат Русија да прифати итен и безусловен прекин на огнот