Едно лице загина, а четири се повредени во градот Трап, во северна Франција, откако маж отворил оган, соопшти премиерот Себастијан Лекорну.
„Многу сериозни инциденти штотуку се случија во Трап, во департманот Ивлин. Едно лице е убиено, а четири се повредени. Лицето е уапсено и ставено во полициски притвор“, напиша Лекорну на социјалнаta мрежа X.
Тој повтори дека сите безбедносни сили се целосно мобилизирани, додека Националното обвинителство за борба против тероризмот ја следи ситуацијата.
Според телевизијата БФМТВ, осомничениот испукал повеќе куршуми од возило на јавни места во Трап, а потоа и во Ла Верјер.
Според јавувањата, бројот на жртвите сè уште може да се промени во зависност од развојот на ситуацијата.
Во меѓувреме Националното обвинителство за борба против тероризмот соопшти дека го истражува случајот како „убиство поврзано со терористички потфат“, во врска со нападот во Трап, западно од главниот град, како и во соседното место Ла Верриер.
























