| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Иран сè уште не зазел официјален став во врска со продолжувањето на периодот на примирје со Соединетите Американски Држави, и покрај претходните медиумски извештаи дека Иран се согласил со продолжувањето, објави агенцијата Тасним
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Светот ја гледа вашата бескрајна лицемерна реторика и противречност меѓу изјавите и дејствијата, напиша Пезешкијан на платформата Х / Reuters

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран е отворен за дијалог и постигнување договор и дека тоа останува негов став, но дека прекршувањето на обврските, блокадите и заканите се главните пречки за вистински преговори.

„Светот ја гледа вашата бескрајна лицемерна реторика и противречност меѓу изјавите и дејствијата“, напиша Пезешкијан на платформата Х, со порака дека постојат несовпаѓања меѓу прокламираните позиции и конкретните дејствија.

Иран сè уште не зазел официјален став во врска со продолжувањето на периодот на примирје со Соединетите Американски Држави, и покрај претходните медиумски извештаи дека Иран се согласил со продолжувањето, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на неименувани извори.

Според иранската агенција, претходните медиумски извештаи што му се припишуваат на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, не се точни.

Се додава дека Иран е во процес на разгледување на различни аспекти од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на примирјето.

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Калибаф претходно денес изјави дека примирјето би имало смисла само ако не биде прекршено со поморска блокада и „земање на светската економија како заложник“.

Претходно, Ројтерс објави дека Трамп изразил подготвеност да го продолжи примирјето за три до пет дена.

Нова рунда преговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи во Пакистан веќе во петок, објави претходно „Њујорк пост“, повикувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп и неименувани пакистански извори.

Повеќе
Хамас: Разоружување без спроведување на првата фаза од договорот за Газа го блокира планот на Трамп
Започна испораката на нафта преку нафтоводот Дружба во Словачка
Израел со обвиненија против двајца техничари во военото воздухопловство за шпионирање за Иран
Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран
Русија доби покана за учество на Самитот на Г-20 во САД во декември
Израелски екстремисти преминаа во јужен Либан, повикаа на создавање израелски населби
Трамп: Нема рок за прекин на огнот, примирјето е продолжено на неодредено време
Пезешкијан: Иран е отворен за дијалог и договор, блокадата и прекршувањето на обврските е пречка
Ердоган до Штајнмаер: Војната ја ослабува Европа, мирот е итно потребен
Реакција на БНС: Република Српска не е држава, туку ентитет во БиХ
Рама: Работиме со Грција годинава да излеземе со нов договор за стратегиско партнерство
Претседателот на Либан: Во тек се контакти за продолжување на прекинот на огнот со Израел
Ердоган и Руте разговараа за подготовките за самитот во Анкара и агендата на НАТО
Мицкоски од Виена: Нашата определба е јасна, градиме економија што создава, а не што само троши
ЕУ почна да работи на нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора