| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
ЕУ покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит
Радев ја обвини претходната централно-десничарска влада за манипулирање со фискалните податоци за да обезбеди влез на Бугарија во еврозоната на 1 јануари годинава, по политичката борба околу тоа дали земјата ги исполнува критериумите за конвергенција
ЕУ покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит
Дефицитот на Бугарија треба да изнесува 4,1% од БДП во 2026 година, бидејќи земјата се бори и со највисоката стапка на инфлација во Еврозоната / Reuters

Бугарскиот премиер Румен Радев денес изјави дека Бугарија ќе биде ставена под постапка на Европската унија за прекумерен дефицит во среда, само неколку месеци по влегувањето во Еврозоната.

Радев ја обвини претходната централно-десничарска влада за манипулирање со фискалните податоци за да се обезбеди влез на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година, по политичката борба околу тоа дали земјата ги исполнува критериумите за конвергенција, објави Евроактив.

„Тие лажеа за да ја турнат Бугарија во еврозоната“, изјави премиерoт денес по враќањето од Брисел.

Поранешната министерка за финансии Теменузка Петкова ги отфрли обвинувањата на Радев, тврдејќи дека Бугарија останала во рамките на ограничувањето од три проценти во 2025 година благодарение на клаузулата за флексибилност на трошоците за одбрана на ЕУ, додавајќи дека секое влошување е поврзано со одлуките донесени од привремената администрација и одложувањето на буџетското планирање за оваа година.

Радев дојде на власт во мај откако неговата левичарска партија Прогресивна Бугарија победи на априлските избори, обезбедувајќи го првото еднопартиско мнозинство во Бугарија во три децении.

Според постапката на ЕУ за прекумерен дефицит, земјите што ги кршат фискалните правила на блокот се должни да го вратат својот дефицит под три проценти од БДП во одреден период и се предмет на поблизок буџетски мониторинг од страна на Европската комисија.

Според прогнозата на Комисијата, дефицитот на Бугарија ќе изнесува 4,1 процент од БДП во 2026 година, бидејќи земјата се бори и со највисоката стапка на инфлација во Еврозоната, што веќе ги зголемува цените на храната.

Доколку се потврди, Бугарија ќе стане првата земја што влегла во еврозоната и ќе се соочи со фискалната корективна рака на блокот во рок од неколку месеци од приклучувањето, како и првата постапка за прекумерен дефицит (EДП) за Софија откако претходната постапка заврши во 2012 година.

Очекуваното започнување на постапката за прекумерен дефицит доаѓа неколку дена откако Брисел деблокираше 370 милиони евра од Фондот за закрепнување за Бугарија, додека дополнителни три милијарди евра останаа замрзнати во исчекување на спроведувањето на судските и антикорупциските реформи, а пролетниот пакет на Комисијата содржи и ажурирани информации за другите земји-членки што веќе се во процесот, вклучувајќи ги Франција, Унгарија, Италија и Полска.

Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт