| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
Сејдини е приведен од полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство во Скопје
Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини / AA

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за сторени кривични дела проневера и злоупотреба.

Според Министерството за внатрешни работи, Сејдини е приведен од полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство во Скопје.

Од обвинителство соопштуваат дека истрагата е сѐ уште во тек и дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на процесните дејствија.

„Полициски службеници лишија од слобода едно лице поради дејства што упатуваат на сомненија за сторени кривични дела проневера и злоупотреба. Сѐ уште се преземаат дејства по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствата кои се во тек“, соопшти Обвинителството.

Сејдини беше на чело на ФФМ два мандата, од 2019 до 2025 година.

Во февруари оваа година, тој беше суспендиран на две години од страна на ФФМ поради измама и злоупотреба на овластувањата.

Дисциплинската комисија на ФФМ утврди дека Сејдини, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20 %, кој не бил дел од прифатената понуда за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Авансот бил исплатен без банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Според комисијата, со ова Сејдини го измамил Управниот одбор на Федерацијата, предизвикувајќи значителна материјална штета на институцијата, поради што му била изречена соодветна дисциплинска санкција.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Трамп го поддржува предлогот за преименување на ИЦЕ во НИЦЕ во објава на социјалните медиуми
Тројца убиени во најнов американски напад врз брод што наводно шверцувал дрога во Пацификот
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо
Арагчи слета во Москва додека Иран турка по дипломатски пат на сите фронтови
Израел уби 14 лица во напади во јужен Либан, додека прекинот на огнот се распаѓа
Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите
Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества
Ердоган во телефонски разговор со Трамп пукањето во Вашингтон го нарече „грозоморен чин“
Трамп потврди дека полицаец е застрелан на вечерата на дописниците од Белата куќа
Каш нуди повеќе од бегство на море во Туркије
Како Белгија го разоткри тајниот британски канал за снабдување на Израел со оружје
САД со сè помалку воени залихи: Колку е сериозен проблемот?
ЕУ поделена околу суспендирањето на договорот со Израел: кој е на која страна?
Зошто Израел е сè уште надвор од преговарачката маса во преговорите со Иран?
Доктори од „8 Септември“ и Клиниката за дерматологија меѓу уапсените за шверц на ботокс