Во интересен натпревар од шеснаесетина финалето од светското фудбалско првенство Бразил во последните минути успеа да ја совлада Јапонија и да обезбеди пласман меѓу 16 најдобри репрезентации на светот.
Бразилската репрезентација дури во судиското продолжение од второто полувреме успеа да направи пресврт и да се пласира во следната фаза. Јапонија поведе во 29 минута со голот на Сано.
ПРЕПОРАЧАНО
Браил изедначи во 56 минута, а стрелец беше Каземиро. Кога изгледаше дека победникот ќе се знае по продолженијата или евентуални пенали, Бразил во 95 минута стигна до победа. Херојот на бразилците беше Мартинели.
Во осмина финалето од светското фудбалско првенство Бразил ќе игра против подобриот од натпреварот Норвешка – Брегот на Слоновата Коска.









