| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Вајдел оцени дека прекинувањето на енергетските врски со Русија ја уназадило Германија за наредните години и довело до губење на стотици илјади работни места, како и до зголемена зависност од поскапи извори на енергија
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Вајдел рече дека AфД би можела да победи на клучните избори во источногерманските покраини, што ќе го отвори патот за позиција во Владата / Reuters

Лидерката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел денес изјави дека Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас и оти евтината енергија од Русија е клучна за силата на германската индустрија.

Во интервју за Ројтерс, Вајдел оцени дека прекинувањето на енергетските врски со Русија по воведувањето на санкциите во 2022 година „ја уназадило Германија за наредните години“ и довело до губење на стотици илјади работни места, како и до зголемена зависност од поскапи извори на енергија.

Таа рече дека AфД ги гледа претстојните покраински избори како „одлучувачка пресвртница“ и изрази верување дека партијата би можела да обезбеди пат до власт на федерално ниво веќе по следните парламентарни избори.

Вајдел рече дека АфД би можела да победи на клучните избори во источногерманските покраини, вклучувајќи ги Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија, што, според неа, „ќе го отвори патот за позиција во кабинетот“.

Зборувајќи за Русија, таа рече дека „евтината енергија“ треба повторно да биде достапна за Германија и ја критикуваше зависноста од САД како поскап снабдувач на енергија.

Повеќе
Бројот на жртви во разорните земјотреси во Венецуела достигна 1.700
Двајца припадници на Иранската револуционерна гарда убиени во терористички напад
Претседателот на Собранието, Гаши го посети Деловниот совет Туркије-Северна Македонија при ДЕИК
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Јенот падна на најниско ниво во последните 39 години
Нелегални израелски доселеници сакаат да заземат сто стратешки локации во окупираниот Западен Брег
Иран и Франција разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Трамп им се закани со „проблеми“ на продавачите на горива ако не ги намалат цените
Заврши Мундијалот за Холандија и Германија, изгубија на пенали од Мароко и Парагвај
СП: Бразил во судиското продолжение ја совлада Јапонија и се пласира меѓу 16 најдобри во светот
Гардијан: ЕУ од 1 јули воведува царина од три евра по артикл во пакети кои доаѓаат надвор од унијата
Макрон: Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на Блискиот Исток
Полска: Tрансферот на МиГ-29 во Украина зависи од договорот за технологија на беспилотни летала
Трамп: Иран побара состанок, тој ќе се одржи утре во Доха
ЕУ го повтори ставот за Ерусалим по изјавите на Јанша за евентуалното преместување на амбасадата