| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Протестирањето е право, уништувањето на нашите градови не е, рече премиерката Мелони, која го осуди насилството и ги нарече демонстрантите насилници кои ги искористуваат протестите за да шират хаос и да ја нападнат полицијата,
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Полицијата во Милано два дена се справуваше со насилните демонстранти кои ограбувале продавници

Насилните протести што ја зафатија Франција за време на викендот се проширија и во Италија, каде што втора ноќ по ред во Милано избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите кршеле излози, ограбувале продавници и уништувале имот, додека полицијата одговори со солзавец и водни топови.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поради немирите за денеска свика итен состанок за безбедност.

Немирите во Милано започнаа во саботата, за време на протестот против високите трошоци за живот, и продолжија во неделата.

Маскирани демонстранти фрлале предмети кон полициски возила, превртувале канти за ѓубре и оштетувале велосипеди и скутери. Супермаркет во близина на познатата катедрала во Милано бил ограбен. Слични инциденти биле пријавени во Болоња и Торино,

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, рече дека бил сведок на скршени излози, ограбени продавници и преплашени граѓани.

„Многу сум загрижен бидејќи ова е нов феномен што произлегува и од меѓународните околности и затоа дополнително се поттикнува“, рече Сала.

Премиерката Мелони го осуди насилството и ги нарече демонстрантите насилници кои ги искористуваат протестите за да шират хаос и да ја нападнат полицијата.

„Протестирањето е право. Уништувањето на нашите градови не е“, рече таа на социјалната мрежа X.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини ги опиша настаните како „урбана војна“.

Во Франција, пак, речиси 2.400 луѓе биле уапсени во текот на викендот, додека околу 1.000 полицајци и жандармериски службеници биле повредени во судирите, од кои седуммина сериозно.

Повеќе
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Десетина мигранти се удавија во грчките води по две бродски несреќи
Суд од Мајами издаде налог за апсење на Раул Кастро поради соборувањето на два авиони во 1996 година
Трамп одби нови санкции против Русија за да стави крај на војната во Украина
Францускиот претседател пристигна во Кувајт на почетокот на турнејата низ Персискиот Залив
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Украинската служба за вонредни состојби: Едно лице загина, а осуммина се повредени во руски напад врз Киев
САД се блиску до финализирање на трговски договор со Њу Делхи, вели Рубио пред посетата на Индија
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
Закана за бомба принудно слета авион од Израел во Софија
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер, но Трамп повторно го критикуваше
Иранскиот министер за надворешни работи го обвинува Нетанјаху дека ги турка САД кон уште една војна
Путин предлага трилатерална средба со Трамп и Кси за да разговарат за Украина
Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи