| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
„Насилството нема место во демократското општество, а одговорот на него мора секогаш да биде во согласност со законот и пропорционален“, се вели во соопштението на ЕК
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија

Европската комисија (ЕК) реагираше на неодамнешните протести во Албанија, нагласувајќи дека ја осудува употребата на насилство и дека секој треба да сноси одговорност преку соодветна правна постапка.

„Ја осудуваме употребата на насилство во Тирана и во другите градови во Албанија, вклучително и подметнување пожари, напади врз државни институции и уништување на јавен и приватен имот. Насилството нема место во демократското општество, а одговорот на него мора секогаш да биде во согласност со законот и пропорционален“, се вели во соопштението.

Понатаму се наведува дека слободата на собирање и слободата на изразување се основни права и клучни европски вредности, „кои мора да се почитуваат и остваруваат на мирен начин“.

„Ја поздравуваме посветеноста на албанските власти да го гарантираат правото на протест. Во земја-кандидат, која е цврсто посветена на процесот на пристапување кон ЕУ и постигнува значителен напредок на својот европски пат, загриженостите треба да се решаваат преку конструктивен дијалог и на мирен начин“, се нагласува во соопштението.

Протестите на Студентите во Албанија со поддршка на дел од граѓаните беа проследени со тензии и судири меѓу демонстрантите и полициските сили, како и со акти на насилство и оштетување на јавниот имот и институциите.

Демонстрантите наведуваат дека прашањата што ги покренуваат се однесуваат на студентските потреби кои останале нерешени во последните години; притоа, нивните барања се проширија и опфатија и други прашања. Некои студенти бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Студентите тврдат дека се соочуваат со лоши услови во образованието, недоволни инвестиции, високи трошоци за кирија и недостиг на студентско сместување.

Студентите најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Повеќе
Студенти го блокираа влезот во музејот Лувр во Париз поради полициска репресија
Кремљ ги отфрла тврдењата за вмешаност на Русија во немирите низ Европа
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Десетина мигранти се удавија во грчките води по две бродски несреќи
Суд од Мајами издаде налог за апсење на Раул Кастро поради соборувањето на два авиони во 1996 година
Трамп одби нови санкции против Русија за да стави крај на војната во Украина
Францускиот претседател пристигна во Кувајт на почетокот на турнејата низ Персискиот Залив
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Украинската служба за вонредни состојби: Едно лице загина, а осуммина се повредени во руски напад врз Киев
САД се блиску до финализирање на трговски договор со Њу Делхи, вели Рубио пред посетата на Индија
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
Закана за бомба принудно слета авион од Израел во Софија
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер, но Трамп повторно го критикуваше