| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи, истакна министерот за дигитална трансформација на Глобалниот Самит за ВИ во Јужна Кореја
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите, истакнал Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Јужна Кореја.

Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги.

Во своето обраќање, Андоновски предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи.

„Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите“, истакна Андоновски.

Министерот нагласи дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочи заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој.

Во тој контекст, Андоновски го претстави значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа, компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакна дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери.

„Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство“, заклучи Андоновски.

На маргините на самитот, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заминикот претседател на Светска банка, претставници на Република Кореја и колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.

Повеќе
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Десетина мигранти се удавија во грчките води по две бродски несреќи
Суд од Мајами издаде налог за апсење на Раул Кастро поради соборувањето на два авиони во 1996 година
Трамп одби нови санкции против Русија за да стави крај на војната во Украина
Францускиот претседател пристигна во Кувајт на почетокот на турнејата низ Персискиот Залив
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Украинската служба за вонредни состојби: Едно лице загина, а осуммина се повредени во руски напад врз Киев
САД се блиску до финализирање на трговски договор со Њу Делхи, вели Рубио пред посетата на Индија
Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија
Закана за бомба принудно слета авион од Израел во Софија
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер, но Трамп повторно го критикуваше
Иранскиот министер за надворешни работи го обвинува Нетанјаху дека ги турка САД кон уште една војна
Путин предлага трилатерална средба со Трамп и Кси за да разговарат за Украина