| Macedonian
Инстаграм и Фејсбук го прекршуваат Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажала првичната истрага
Истрагата на Европската комисија покажува дека, на пример, при креирање сметка, малолетниците под 13 години можат да внесат лажен датум на раѓање, без воспоставени ефикасни контроли за да се потврди точноста
Инстаграм и Фејсбук го прекршуваат Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажала првичната истрага
Комисијата наведува дека 10 до 12 проценти од децата под 13 години во Европа користат Фејсбук и Инстаграм / Reuters

Европската комисија во среда прелиминарно утврди дека платформите на Мета-Инстаграм и Фејсбук го прекршуваат Законот за дигитални услуги бидејќи не направиле доволно за да го ограничат пристапот до тие социјални мрежи за лица под 13 години.

Мета постави свои правила според кои лицата под 13 години не можат да пристапат до Инстаграм и Фејсбук, но истрагата на Комисијата покажува дека овие правила лесно се заобиколуваат.

На пример, при креирање сметка, малолетниците под 13 години можат да внесат лажен датум на раѓање, без воспоставени ефикасни контроли за да се потврди точноста на самопријавениот датум на раѓање. Алатката на Мета за пријавување малолетници под 13 години на платформата е тешка за користење и неефикасна, според Комисијата.

Законот за дигитални услуги бара од технолошките компании да сторат повеќе за отстранување на нелегалната и штетна содржина од своите платформи.

Комисијата наведува дека 10 до12 проценти од децата под 13 години во Европа користат Фејсбук и Инстаграм.

„Нашите прелиминарни наоди покажуваат дека Инстаграм и Фејсбук прават многу малку за да ги спречат малолетните деца да пристапат до нивните услуги“, изјави Хена Виркунен, извршен потпретседател на ЕК за технологија.

Мета сега може да одговори на прелиминарните наоди на Комисијата и да преземе мерки за решавање на жалбите. Ако се потврдат прелиминарните наоди, Комисијата може да изрече казна пропорционална на прекршокот, која не може да надмине 6 проценти од вкупниот годишен промет на давателот на услуги низ целиот свет.

Комисијата може да изрече и периодични казни за да ја принуди платформата да се придржува до регулитивата.

Повеќе
Трамп наложил продолжување на поморската блокада на Иран
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Трамп: Американците немаат поблиски пријатели од Британците
Хакан Фидан на самитот на Иницијативата за три мориња во Дубровник
Обединетите Арапски Емирати ги напуштија ОПЕК и ОПЕК+
Карис: Европа мора да биде подготвена за сѐ во украинската војна
Туркије ќе го извезува домашниот авион за обука „Хурџет“ во Шпанија
Хрватска и БиХ потпишаа договор за гасоводот Јужна интерконекција
Дали Израел го реплицира моделот на Газа во Либан со својата тампон-зона „Жолта линија“?
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува обврвски и за приватниот сектор