Цената на нафтата денес повторно порасна, а европските индекси се во минус по новите американски напади во Иран и тврдењата на Техеран дека возвратиле со напад врз американска воздухопловна база во Кувајт што ги потресе пазарите и ја поттикнаа загриженоста за војна на Блискиот Исток.
Цената на глобалната нафта од типот Брент порасна за 2,58% на 96.673 долари, а цената на американската сурова нафта ВТИ (West Texas Intermediate) порасна за 2,52% на 90.983 долари.
Дополнителна конфузија на пазарите предизвикаа контрадикторните сигнали од Вашингтон и Техеран.
Иранските државни медиуми објавија дека Техеран е подготвен да го обнови комерцијалниот сообраќај низ Ормускиот теснец во рок од еден месец од евентуалниот договор, додека Белата куќа ги нарече ваквите тврдења „целосна измислица“.
Паневропскиот индекс СТОXX 600 падна за околу 0,5% на почетокот на тргувањето, додека лондонскиот ФТСE 100, германскиот ДАКС и францускиот ЦAЦ 40 исто така беа на негативна територија.
Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени денес на отворањето на берзата во Амстердам ТТФ по цена од 46,5 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,16114 долари.
Цената на златото падна на 4.385,72 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,2655 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Инвеститорите денес чекаат и објавување на индексот на инфлација на американскиот PCE за април, индикатор што Федералните резерви го сметаат за клучен за оценување на инфлациските трендови.
Економистите очекуваат месечен раст од 0,5 проценти и годишна инфлација од 3,8 проценти.
Американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна за 0,36% на 50.644,28 поени, С&П 500 за 0,02% на 7.520,36 поени, а Насдак за 0,07% на 26.674,74 поени.












