Коалицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху според проекциите и пребројаните 66.2 отсто од гласовите може да освои 56 пратенички места во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, односно пет помалку од што е потребно за обезбедување парламентарно мнозинство и формирање влада.
Се очекува опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот да освои 48 пратенички места, додека партиите од арапскиот блок би требало да добијат 16 места, пренесува „Тајмс оф Израел“ (Times of Israel), повикувајќи се на Централната изборна комисија.
Проекциите покажуваат дека ниту еден од двете главни коалиции нема да го достигне бројот од 61 мандат што е потребно за парламентарно мнозинство.
За „Заедничката листа“, која има претежно арапска поддршка, се предвидуваат 12 пратенички места, додека за Обединетата арапска листа („Раам“) се очекува да освои четири места.
Меѓу поединечните партии, „Ликуд“ на Нетанјаху води со проекција за 28 пратенички места, а по него следува партијата на Ајзенкот, „Јашар“, со 21 место.
Алијансата „Заедно“ се очекува да освои 11 пратенички места.
За „Демократите“, „Обединет јудаизам на Тората“ и „Израел бејтеину“ се предвидуваат по осум пратенички места, додека за „Шас“ и „Оцма јехудит“ се очекува да добијат по седум места.
За партијата „Религиозен ционизам“ се предвидуваат шест пратенички места.
Резултатите се сè уште прелиминарни и може да се променат како што продолжува пребројувањето на гласовите.























