| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Калас ги повика САД да се усогласат со ЕУ во однос на санкциите против Русија
Напорите за вршење притисок врз Москва според високата претставничка на ЕУ би биле поефективни доколку САД им се придружат на Унијата и Велика Британија во воведувањето дополнителни санкции кон Русија
Калас ги повика САД да се усогласат со ЕУ во однос на санкциите против Русија
AB Dış ilişkiler ve Güvenlik Politikaları Yüksek Temsilcisi Kaja Kallas

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денеска ги повика САД да се усогласат со политиката на санкции на Унијата кон Русија, истакнувајќи дека координираниот притисок од Вашингтон и европските партнери би можел да помогне во ставањето крај на војната во Украина.

Обраќајќи им се на новинарите пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, Калас изјави дека напорите за вршење притисок врз Москва би биле поефективни доколку САД им се придружат на ЕУ и Велика Британија во воведувањето дополнителни санкции кон Русија.

„Би било многу подобро доколку нашите партнери од Велика Британија и од САД се усогласат со нас“, рече таа, додавајќи дека усвојувањето на предлог законот на Греам за Русија од страна на Вашингтон би можело значително да го засили притисокот врз Москва.

„Навистина би можеле да извршиме притисок за Русија да стави крај на оваа војна“, рече Калас.

Таа наведе дека санкциите ја лишиле Русија од 1 билион евра, додавајќи дека мерките насочени кон таканаречената „флота во сенка“ на земјата, исто така, дополнително ѝ отежнуваат на Москва да ја финансира војната.

Во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за енергетски прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Калас изјави дека ЕУ го поздравува договорот, но допрва треба да се види дали Москва ќе го почитува.

Таа нагласи дека прекинот на огнот треба да се примени не само кон енергетската инфраструктура туку да биде и „крај на убивањето луѓе“.

Калас исто така го доведе во прашање опсегот на договорот, истакнувајќи дека Украина има една рафинерија додека Русија има неколку, и рече дека прекинот на огнот не треба да ѝ оди во корист на Москва.

Осврнувајќи се на повикот на Трамп за нови избори во Украина, таа потсети дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изразил својата подготвеност да одржи избори што е можно поскоро доколку се воспостави прекин на огнот.

Блиски Исток

Преминувајќи на случувањата на Блискиот Исток, Калас ги осуди ескалирачките напади на Хусите врз аеродромите.

Таа рече дека министрите на ЕУ ќе разговараат за тоа какви дополнителни мерки може да се преземат за справување со ситуацијата во Црвеното Море.

Калас додаде дека претходниот ден разговарала со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, за можноста за зајакнување на операцијата „Аспидес“ на ЕУ.

Таа, исто така, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за воспоставување нова мисија во Либан, која би вклучувала цивилни и воени компоненти. Таа изрази надеж дека доколку биде одобрена, мисијата ќе биде подготвена да започне со активности на терен во рок од неколку месеци.

 

Повеќе
Далија Кајед го преживеала геноцидот - сега ја раскажува својата приказна преку фотографии и вез
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување