| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Огромен брод за превоз на течен гас, под името ‘НВ Саншајн’ и во сопственост на компанијата ‘Натвит’, кој се обидуваше да помине преку нелегална рута јужно од Ормускиот Tеснец беше погоден и оштетен, соопшти Иранската револуционерна гарда
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Во соопштението за ескалацијата на тензиите во регионалниот поморски сообраќај ИРГЦ ја обвини „агресорската американска армија“

Иранската Исламска револуционерна гарда денес соопшти дека танкер за течен гас бил погоден и се запалил при обид да го помине Ормускиот Теснец преку „нелегална рута“.

„Огромен брод за превоз на течен гас, под името ‘НВ Саншајн’ и во сопственост на компанијата ‘Натвит’, кој се обидуваше да помине преку нелегална рута јужно од Ормускиот Tеснец, беше погоден и претрпе голем пожар во машинското одделение и погонскиот систем“, се наведува во соопштението на гардата, пренесено од полудржавната новинска агенција Тесним.

Во соопштението за ескалацијата на тензиите во регионалниот поморски сообраќај е обвинета „агресорската американска армија“.

Револуционерната гарда исто така изјави дека нејзините поморски сили нема да дозволат „окупаторските сили“ да останат во областа и дека ќе се спротивстават на „какви било непријателски обиди за попречување на нивното управување“.

Пријавениот инцидент се случи во услови на зголемени тензии во Ормускиот Теснец, каде што Иран ги предупреди пловилата да не користат рути што не се одобрени од Техеран.

Повеќе
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед
Трамп: САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори