| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Министерот за култура Сулејмани на трилатерална средба со колегите од Грција и Албаинија ја потврдија заедничката заложба за заштита и афирмација на природното и културното наследство на Преспанскиот регион и номинацијата за листата на УНЕСКО
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Сулејмани истакна дека целта не е само меѓународно признание, туку долгорочно и одржливо управување со конкретни придобивки за локалните заедници

Министерот за култура Седат Сулејмани со своите колеги од Грција и Албанија на денешната трилатерална средба во Грција, ја потврдија заедничката заложба за заштита и афирмација на природното и културното наследство на Преспанскиот Регион, како и за заедничка подготовка на неговата номинација за Листата на светското наследство на УНЕСКО.

Изјавата ја потпишаа Сулејмани, министерката за култура на Грција, Лина Мендони и министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџја.

На средбата присуствуваа и Михалис Рокас, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Синиша Шешум, раководител на канцеларијата на УНЕСКО во Сараево при Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колубија, како и претставници на локалните самоуправи и институциите од трите земји.

Во своето обраќање, Сулејмани истакна дека заедничката номинација за УНЕСКО е следен суштински чекор во соработката меѓу трите земји, нагласувајќи дека целта не е само меѓународно признание, туку долгорочно и одржливо управување со регионот, со конкретни придобивки за локалните заедници.

„Преспа, природно и историски, отсекогаш била една целина, иако нејзините брегови ги делат три соседни држави. Токму во таа сложена убавина лежи и нашата одговорност: да ја претвориме во причина за континуирана, добро координирана и резултатски ориентирана соработка“, порача Сулејмани.

Тој посочи дека трите земји веќе имаат добра основа за продлабочување на соработката, потсетувајќи на реализираните активности и проекти во кои учествувале институции и експерти од трите соседни држави.

Како значајни примери ги истакна соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Грција, во чии рамки се реализира конзервацијата на живописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, активностите со албанските институции на островот Мал Град, како и проектот АЦТ4ПРЕСПА(ACT4PRESPA), поддржан од Европската Унија.

„Овие искуства покажуваат дека соработката постои, но и дека можеме да ја зголемиме“, истакна Сулејмани, додавајќи дека токму преку заедничкото знаење, добрата волја и заедничкиот интерес, Преспа може да прерасне во пример за успешна прекугранична соработка и заедничка заштита на наследството.

„Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат, а заедничките вредности се негуваат. Кога ги спојуваме знаењето, добрата волја и заедничкиот интерес за овој регион, ние не градиме само проекти- градиме трајна и зрела соработка меѓу нашите три земји“, рече Сулејмани.

Повеќе
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед