| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Палестинците пријавија над 3.100 напади на Израел и окупаторите на Западниот Брег во октомври
Во својот месечен извештај, Комисијата за отпор против колонизацијата и Sидот наведе дека израелските сили извршиле 1.764 напади, додека еврејските доселеници биле одговорни за 1.369 напади
Палестинците пријавија над 3.100 напади на Израел и окупаторите на Западниот Брег во октомври
PALESTINIAN-GAZA-ISRAEL-CONFLICT

Израелската војска и доселениците извршиле 3.133 напади низ окупираниот Западен Брег во текот на октомври, што претставува зголемување од 52,8 % во споредба со септември, соопшти денес палестинско владино тело.

Во својот месечен извештај, Комисијата за отпор против колонизацијата и Sидот наведе дека израелските сили извршиле 1.764 напади, додека доселениците биле одговорни за 1.369 напади.

Бројот на напади извршени од израелските доселеници е зголемен за 111,6 % во споредба со септември, кога беа евидентирани 647 напади, соопшти Комисијата.

Нападите вклучуваат пукање и физички напади врз Палестинци, оштетување на имот и земјоделско земјиште, палење дрвја и возила, како и одземање имот.

Од Комисијата наведоа дека инцидентите вклучувале и затворање патишта, како и спречување на Палестинците да пристапат до својата земја.

Извештајот доаѓа во услови на поширока ескалација на израелските воени операции и насилството од страна на доселениците низ Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, од почетокот на војната на Израел против Појасот Газа во октомври 2023 година.

Во овој период, исто така, се забележани зачестени рации, ограничувања на движењето, одземање земјиште, присилно раселување на палестинските заедници, како и континуирано ширење на нелегалните населби и малите пунктови низ окупираната територија.

Во советодавното мислење од јули 2024 година, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за незаконска и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

 

Повеќе
Сиљановска-Давкова и ја честиташе изборната победа на Јотова во Бугарија
Израел го подигна нивото на воена готовност пред изборите во САД
Русија и Украина пријавија кибернапади врз апликациите за итно предупредување
Палестинците пријавија над 3.100 напади на Израел и окупаторите на Западниот Брег во октомври
Трамп би можел да започне нуклеарен напад врз Иран во рок од неколку дена, тврди коментатор
Трамп одржува митинзи во последниот викенд пред американските избори на средината на мандатот
Иран: Продолжуваме со размена на пораки со САД преку медијаторите
Која е Илијана Јотова - Првата жена избрана за претседателка на Бугарија
Две палестински бебиња загинаа во пожар во шатор во Газа
Турскиот министер за надворешни работи ја повикува Русија  и Украина да склучат мир
Туркије го предложи шефот на ОБСЕ Синирлиоглу за кандидат за генерален секретар на ОН
Повеќе од 200 уапсени во Германија по протестите на „генерација Z“
Министрите Клековски и Мемишоглу потпишаа Меморандум за разбирање во областа на здравството
Зеленски: Со Ердоган се договоривме за воспоставување нов коридор за жито преку Црното Море
Ердоган: Нападите врз цивилни пловила би можеле да ги ескалираат тензиите во Црното Море