| Macedonian
На ЕУ ѝ се заканува недостиг од гас со приближувањето на зимата
Унијата би можела да се соочи со недостиг од 14 милијарди кубни метри гас оваа зима, што е еквивалентно на 7 отсто од побарувачката, според извештаите споделени со медиумите
На ЕУ ѝ се заканува недостиг од гас со приближувањето на зимата
Замената на недостасувачките количини по сегашните цени би чинела дополнителни 3 милијарди евра, или зголемување од 12% во споредба со лани

Европската Унија (ЕУ) би можела да се соочи со недостиг од природен гас до 14 милијарди кубни метри оваа зима, што одговара на околу 7 отсто од побарувачката на Унијата, во услови на намалени залихи во складиштата и нарушувања во глобалното снабдување со енергенси.

Во извештајот на американскиот Институт за енергетска економија и финансиска анализа (ИЕЕФА), споделен со „Политико“ денес, се предупредува дека резервите на гас во ЕУ се намалиле на нешто над 70 отсто од капацитетот, што е најниско ниво за овој период од годината откако започнале да се водат евиденциите во 2011 година.

Потенцијалниот недостиг би можел да влијае врз снабдувањето со енергија во обем еквивалентен на потрошувачката на 10 до 12 милиони европски домаќинства, што предизвикува загриженост поради повисоките сметки за електрична енергија и можните мерки за заштеда на енергија.

Високите цени ги поттикнале трговците да продаваат гас во текот на летото наместо да ги надополнуваат складиштата пред зимата, оставајќи ја Унијата со помали резерви за справување со евентуални прекини во снабдувањето.

Наодите се совпаѓаат и со процената за снабдувањето во зимата 2026–2027 година, објавена од Европската мрежа на оператори на преносни системи за гас (ЕНТСОГ).

Во извештајот се предупредува дека, во сценарио со студена зима, нивото на пополнетост на складиштата би можело да се намали на само 11 отсто доколку увозот на течен природен гас (ЛНГ) биде ограничен или остане на оптималното ниво.

За резервите да се обноват до 30 отсто до крајот на зимата, ЕУ би можела да биде принудена да ја намали потрошувачката на гас за обем еквивалентен на 7 отсто од побарувачката или да го ограничи снабдувањето на потрошувачите, според ЕНТСОГ.

Забраната на ЕУ за долгорочни договори за увоз на руски течен природен гас, што треба да стапи во сила во јануари, се очекува дополнително да го намали увозот на гас за 7 милијарди кубни метри, се наведува во извештајот на ИЕЕФА.

Во меѓувреме, побарувачката за гас во зимските месеци е зголемена во изминатите две години, додека увозот останал главно непроменет, со што се зголемила зависноста на Унијата од резервите во складиштата.

ЕУ би можела да се насочи кон дополнителен увоз на течен природен гас, особено од САД, за да ги надомести потенцијалните загуби во снабдувањето.

Сепак, замената на недостасувачките количини по сегашните цени би чинела дополнителни 3 милијарди евра, што претставува зголемување од 12 отсто во споредба со трошоците за истите количини минатата година, според ИЕЕФА.

Повеќе
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци