60 годишниот Бошко Илиев препливал 182 маратони
СПОРТ
2 мин читање
60 годишниот Бошко Илиев препливал 182 маратониЉубовта кон маратонското пливање датира од 2001 година. Тогаш го препливал првиот маратон Пештани – Охрид. Тој има мисија да обедини 30 маратони на македонските природни езера и вештачки акумулации. Бошко е освојувач на бројни медали и плакети.
Бошко Илиев маратонски пливач

182 маратони во за дваесет и пет години во петнаесетина држави.Ова е постигнувањето на Бошко Илиев, 60 годишен специјалист по спортска медицина и маратонски пливач од Кавадарци. Љубовта кон маратонското пливање датира од 2001 година. Тогаш го препливал првиот маратон Пештани – Охрид.

„На релација од 11,5 километри во придружба на мојот пријател Дики Бојаџи којшто многу го почитувам. Траеше пет часа и 20 минути” вели Бошко за ТРТ Балкан.

Тој има мисија да обедини 30 маратони на македонските природни езера и вештачки акумулации. Досега има испливано 23. Тиквешкото езеро го има испливано безброј пати. Најдолгата релација на која пливал на ова езеро е 13 километри.

„За мене пливањето е повеќе од спорт, повеќе од љубов. Да кажам опсесија. Се додека можам да го правам тоа, се додека можам да ги поднесувам тие напори и да ги остварувам тие временски лимити, секој маратон си има временски лимит, ќе го правам ова”, вели Илиев.

Бошко е освојувач на бројни медали и плакети. Условите за пливање на патеките не му биле секогаш наклонети.

„Еден од потешките беше Струга – Охрид каде што времето беше малку и непожелно во текот на пливањето. Потоа некои морски маратони. Исто така и некои далечни на пример препливувањето на Сава 19 километри. Каде што не е баш едноставно. Имало и потешки маратони со бранови. Еден таков потежок е Сутоморе-Бар каде што беше исто неповолно времето. Минатата година имаше ден многу тежок маратон во Грција на Олимпијада каде времето се смени многу брзо. За пет минути се појавија големи бранови. Значи навистина ризично”, раскажува Бошко.

Целта му е да го промовира пливањето и запознавање на младите со природните убавини на државата.

„Ние имаме навистина ретки езера иако се вештачки акумулации кои се убави, прекрасни, со една инфраструктура со околина што треба да се запознае и да ги користиме и како спортски дестинации за пливање, но и како туристички дестинации и промовирање на нашите туристички места”, вели Бошко.

 

Повеќе
Ердоган повика на посилно раководство во ОН за време на разговорот со Макрон и го покани на КOП31
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Дуран: Туркије на КOП31 ќе ги претвори климатските ветувања во трајни акции
Турскиот Парламент го одобри Договорот за заедничка одбрана од Мека
Во голем број општини сè уште не се формирани совети за превенција на детско престапништво
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026