| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Трамп: Многу наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател тврди дека има напредок во однос на руско-украинскиот конфликт и остава отворена можност за нови напади врз Иран по изборите
Трамп: Многу наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
الرئيس الأمريكي دونالد ترمب

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рано  утрово изјави дека „многу наскоро“ ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој исто така одби да ја исклучи можноста за дополнителни американски напади врз Иран по изборите во САД што ќе се одржат следната недела.

Обраќајќи им се на новинарите по враќањето од предизборни собири во Тексас, Трамп рече дека за двата конфликти разговарал со државниот секретар Марко Рубио и со специјалниот пратеник Стив Виткоф, додека патувале во претседателскиот авион „Ер форс ван“.

„Мислам дека постигнуваме голем напредок во однос на Русија и Украина. Многу наскоро ќе биде организирана средба“, рече тој.

На прашањето кој ќе присуствува, Трамп одговори: „Претседателот Путин и претседателот Зеленски“, без да наведе дополнителни детали за времето, локацијата или форматот на средбата.

Москва и Киев последен пат водеа мировни преговори со посредство на САД претходно оваа година – во јануари и февруари, кога се одржаа три рунди разговори во Абу Даби и Женева. Средба меѓу претседателите на двете земји би била без преседан од почетокот на војната во 2022 година.

Осврнувајќи се на Иран, Трамп тврдеше дека Техеран сака да постигне договор со САД, но ги одложува преговорите – веројатно до завршувањето на изборите на 3 ноември.

„Мислам дека во однос на Иран сме во многу добра позиција. Прашањето е само: кога сакам јас да ставам крај на тоа?“, рече тој, повторувајќи ги своите неодамнешни ставови за конфликтот.

На прашањето дали планира дополнителни напади врз Иран по изборите, Трамп одби да даде конкретен одговор.

„Сè е можно, но не можам да ви кажам“, рече тој.

Конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран започна кон крајот на февруари со американско-израелски напади врз Иран, што предизвика поширок регионален судир. И покрај постигнатиот прекин на огнот и договорот за финализирање на мировен спогодба, ситуацијата останува нерешена.

Повеќе
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Дуран: Туркије на КOП31 ќе ги претвори климатските ветувања во трајни акции
Турскиот Парламент го одобри Договорот за заедничка одбрана од Мека
Во голем број општини сè уште не се формирани совети за превенција на детско престапништво
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство