| Macedonian
Ракетата Њу Глен на компанијата Блу Ориџин експлодираше за време тестирање
Компанијата ги тестираше моторите на ракетата Њу Глен додека таа беше прицврстена на земја, како подготовка за нејзиното четврто лансирање планирано за следните недели
Ракетата Њу Глен на компанијата Блу Ориџин експлодираше за време тестирање
Минатиот месец ракетата не успеа во мисијата за испорака на комуникациски сателит во тпредвидената орбита, што доведе до истрага / Reuters

Голема ракета од вселенската компанија Блу Ориџин на основачот на Амазон, Џеф Безос, експлодираше за време на тестирање на локација за лансирање во Кејп Канаверал, Флорида.

Компанијата ги тестираше моторите на ракетата Њу Глен додека таа беше прицврстена на земја, како подготовка за нејзиното четврто лансирање планирано за следните недели.

На видеото од преносот во живо на интернет-страницата НАСА Спејс Флајт, се гледа како се случува силна експлозија на лансирната рампа за време на самиот тест.

Ракетните компании вообичаено ги расчистуваат локациите за лансирање пред да се спроведат големи тестови.

„Сите вработени се евидентирани и безбедни. Премногу е рано да се знае главната причина, но веќе работиме на нејзино откривање. Многу тежок ден, но ќе изградиме повторно сè што треба да се изгради и ќе се вратиме на летањето. Вреди“, напиша Безос на американската компанија за социјални медиуми Х.

Експлозијата е најновиот удар за компанијата за истражување на вселената во сопственост на милијардерот Џеф Безос.

Минатиот месец нејзината ракета Њу Глен не успеа во мисијата за испорака на комуникациски сателит во точната орбита, што доведе до истрага.

Ракетата Њу Глен, исто така, се очекува да игра улога во програмата Артемис на НАСА, која има за цел да ги врати астронаутите на Месечината.

Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт