| Macedonian
Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на  првиот лвартал од претходната година
Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал
Пораст од 3,6 проценти на извозот во првиот квартал / AA

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на  првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2 788.3 милиони евра, за 0.5  проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика. 

Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.8  проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.6 проценти во вкупната размена.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије ја промовира имплементацијата- безбедноста на водата во центарот на вниманието на ЦOП31
Израелската армија уапси 17 Палестинци и сруши куќа во рациите на окупираниот Западен Брег
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Беќировиќ: Босна и Херцеговина ги исполни условите за покана во НАТО
Паѓаат цените на природниот гас во Европа по најавите за мировен договор во Иран
Пакистан се надева на траен договор меѓу САД и Иран
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази
Вучиќ: Трамп, Путин и јас ќе се сретнеме со кинескиот претседател Си
Бројот на загинати во пожарот во трговскиот комплекс кај Техеран се искачи на 11
Пезешкијан: Иран е подготвен да ја демонстрира мирољубивата природа на нуклеарната програма
Рубио: САД се обидуваат да спасат 23.000 цивили заробени во Заливот
Арагчи во Пекинг: Иран и Кина сакаат да ја зајакнат соработката и да го стабилизираат Блискиот Исток
Шпанија ја повика ЕУ да ја заштити независноста на МКС и ОН за ставање крај на геноцидот во Газа
Претседателот на Либан дискутира за француската иницијатива за демаркација на границата со Сирија
8 загинати, 41 повреден во пожар во комерцијален комплекс во близина на Техеран