| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Генералната управа за цивилно воздухопловство на Саудиска Арабија соопшти дека првиот напад бил насочен кон аеродромските објекти, а во вториот бил погоден авион на националниот авиопревозник Саудија ерлајнс
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Саудиските власти не ги идентификуваа напаѓичте, но инцидентот се случува во услови на обновување на борбите меѓу јеменските владини сили и Хутите

Саудиска Арабија денес соопшти дека тројца нејзини државјани загинале во два напада вчера, чија цел биле меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во главниот град Ријад и авион на авиокомпанијата „Саудија ерлајнс“.

Во соопштението објавено на платформата за социјални медиуми Х, Генералната управа за цивилно воздухопловство соопшти дека првиот напад бил насочен кон аеродромските објекти, а во вториот бил погоден авион на националниот авиопревозник.

Екипите за итни интервенции веднаш реагирале по нападите, во кои биле повредени и „одреден број граѓани и жители од различни националности“, соопшти управата.

Повредите биле од лесни до тешки, а повредените веднаш биле пренесени во болница на лекување, се наведува во соопштението, во кое се додава дека во нападите е предизвикана и одредена материјална штета.

Надлежните соопштија и дека оперативните активности на аеродромот се обновени и дека воздушниот сообраќај е нормализиран.

Државната телевизија Ал-Ехбарија објави дека летовите на аеродромот биле обновени вчера во 18 часот по локално време (15:00 часот по Гринич).

Во одделно соопштение Саудија ерлајнс потврди дека во инцидентот „е предизвикано оштетување на еден од нејзините авиони додека бил на земја на аеродромот“, додавајќи дека во моментот на инцидентот во авионот немало патници.

Во нападите загинал еден од вработените во авиокомпанијата, која изрази „најдлабоко сочувство“ до семејствата на жртвите.

Саудиските власти не ги идентификуваа одговорните за нападите, но инцидентот се случува во услови на обновување на борбите меѓу јеменските владини сили и Хутите.

Повеќе
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Трамп ги нарекува корисниците на терминот „вештачка интелигенција“ „непријатели“
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Најмалку 33 загинати во рускиот напад врз Краматорск
Почина Маргарет Хамилтон, програмерката на кодот што помогна во слетувањето на Месечината
Белгискиот град Лиеж забрани собирање на улица на повеќе од три лица во екот на ученичките протести
Индија ги отфрла тврдењата на Илон Маск дека „олигарси го блокираат“ Старлинк
Велика Британија го преименува конзулатот во Источен Ерусалим во мисија
Бројот на загинати во рускиот напад врз украинскиот град Прилуки се зголеми на 18
Венс вели дека Иран мора да го намали збогатувањето на ураниум, Техеран го отфрла барањето
Рубио негира дека САД го спречиле враќањето на венецуелската опозициска лидерка
Во израелскиот геноцид во Газа и на Западниот Брег убиени над 20.000 ученици и студенти
СЗО: Дебелината кај децата и адолесцентите е зголемена четирикратно од 1990 година
Нетанјаху повторно казнет поради изборна пропаганда снимена во воена база