Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес телефонски разговараше за договорот постигнат меѓу Соединетите Американски Држави и Иран со својот ирански колега Абас Арагчи, јавува Анадолу.
Според извори од турското Министерство за надворешни работи, Арагчи ѝ се заблагодарил на Туркије за нејзиниот придонес во процесот на преговорање меѓу Техеран и Вашингтон.
Фидан изрази задоволство од постигнатиот договор меѓу страните и надеж дека и следните разговори поврзани со овој процес ќе донесат позитивен резултат.
Тој ја нагласи потребата да се остане претпазлив во однос на провокациите што може да го загрозат договорот, додавајќи дека Туркије со одлучност ќе ги продолжи своите напори за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.
Телефонскиот разговор следуваше откако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф утринава објави дека САД и Иран постигнале мировен договор и дека церемонијата на потпишување ќе се одржи во Швајцарија во петок.
Подоцна и Вашингтон и Техеран ја потврдија објавата.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот е финализиран и ги објави плановите за повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската поморска блокада.



















