Јане Стефанов, љубител на адреналин и слободен пад од големи височини
СПОРТ
2 мин читање
Јане Стефанов, љубител на адреналин и слободен пад од големи височиниПадобранството е негова главна дисциплина. Скока со падобран од 16 години. Престанал да ги брои скоковите кога надминал 1 000. Освен во падобранство инструктор е и во други спортски дисциплини. Посветен е и на лушето со попреченост.
Јане Стефанов

Скока со падобран, лета со авион и параглајдер, скија, нурка, се качува по карпи. Накусо кажано Јане Стефанов е љубител на адреналин и убава природа. Убавината на слободниот пад од огромна височина е она што ја одржува страста на Јане Стефанов кон падобранството веќе 35 години.

„Од 16 години скокам од авион. Тоа е тоа што мене ме возбудува, мене ми прави добро да се чувствувам. Ова лето имавме еден многу многу добар скок  на Галичица каде што во слободен пат ги гледаш двете езера. Од едната страна е Магаро од другата е Лако Сигној. И ти паѓаш со бризина од 200 километри на час. Таа глетка не може никој да ја долови. Таа може само да се доживее”, вели Стефанов во разговор за ТРТ Балкан.

Љубовта кон височините веројатно е наследна. Пред десетина дена Јане и ја оствари роденденската желба на неговата мајка. Тандем скок со падобран за 78 роденден.

 Инструктор е по падобранство, а лета и со авион. Му недостасуваат уште педесетина часови за да стане инструктор за летање со ултра лесни летала. 

„Кога ќе влеземе во авион јас на пример уживам да одам во правец накај Попова Шапка, Матка, околу Солунска глава, затоа што таму е прекрасна природа каде што непречено може да летаме со авионите и да уживаме во тој предел”, вели Стефанов.

Летото заедно со Љубомир Нетков направија вистински подвиг. За 24 часа минаа стотици километри во девет адреналински дисциплини меѓу кои возење со авион, падобран, параглајдер, нуркање, качување по карпи ...

Јане е активен на спортски план и со луѓето со попреченост. Учествуваше и во подготовките во скијање на македонските параолимпијци. 

„Ние пред некоја година научивме две слепи лица да скијаат. И јас не верував дека може, но со добар систем и многу работа можат да се научат и слепи лица да скијаат”, објаснува тој.  

 

Повеќе
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Папата Лав XIV се опоравува по операцијата на белите дробови
Германија го зголемува данокот на тутун: Цената на кутија цигари ќе достигне 12 евра до 2030
Кинески шеф на дипломатијата првпат во Хрватска по 33 години
Куртулмуш: Mеѓународната заедница да дејствува против израелските прекршувања на меѓународнoто право
ОН предупредуваат на висок ризик од повторна војна во Газа и ескалација на окупираниот Западен Брег
Недостигот на одбранбени проектили на САД може да трае до 2030 г., предупредил разрешениот генерал
Руски напади со дронови оставија 370.000 луѓе без струја во украинскиот регион Волин
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
Фон дер Лајен: Русија не го испочитува енергетскиот прекин на огнот, потребен е поголем притисок
Белгија годинава ќе ѝ испорача 10 борбени авиони Ф-16 на Украина
Фидан: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се градат врз непоколебливо пријателство и братство
Бразил воведува пократка работна недела од 44 на 40 часови без намалување на платите