| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
На настанот по повод Светскиот ден на храната, директорот напомена дека безбедната храна е основа за здравјето на граѓаните, довербата на потрошувачите и одржливиот развој на прехранбениот сектор.
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна / َAA

Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

Во истиот период, нагласи Миланов, преку Одделението за заштита на потрошувачите, од страна на физички и правни лица се поднесени над илјада илицијативи за спроведување инспекциски надзор, најммогу од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.

На настанот по повод Светскиот ден на храната, директорот напомена дека безбедната храна е основа за здравјето на граѓаните, довербата на потрошувачите и одржливиот развој на прехранбениот сектор.

„Денес ја истакнуваме важноста на заедничката одговорност на институциите, производителите, операторите со храна и потрошувачите во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна. Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. АХВ во рамки на своите законски надлежности, континуирано спроведува контроли во домашниот промет и при увозот на храна, со цел навремено откривање и отстранување на ризиците по здравјето на луѓето. Истовремено, остваруваме соработка и координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Платежната агенција и другите надлежни институции, бидејќи безбедноста на храната бара интегриран пристап – од примарното земјоделско производство, преку преработката и дистрибуцијата, до крајниот потрошувач“, потенцира директорот.

Според него, податоците за надзорите ја нагласуваат улогата на официјалните контроли во спречувањето на внесувањето и ставањето во промет небезбедна храна

„Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. Bезбедната храна е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на законските обврски, ефикасни контроли и меѓуинституционална соработка можеме да обезбедиме заштита на здравјето на граѓаните и поголема доверба во храната што се произведува, увезува и консумира во нашата земја“, порача Миланов.

На настанот по повод Светскиот ден на храната, учествуваат стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство. Разговараат за електронската трговија на храна, медиумската промоција и рекламирањето на храната, додатоците во исхраната и храната за спортисти. Покрај директорот на АХВ, Миланов, присутни се и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска, како и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Панелот е во организација на Општина Кисела Водата, АХВ и Институтот за јавно здравје. Учествуваат и граѓани, претставници од градинките, основните и средните училишта од Кисела Вода, како и од спортските клубови, оператори со храна и други претставници од општината.


ИЗВОР:َAA
Повеќе
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци
Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
Вучиќ: Никој никогаш не се мешал во изборите во Србија толку многу како сега Хрватска
Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Почина пациентка со западнонилска треска, вкупниот број на жртви се искачи на 11
Амбасада на САД: Стратешкиот дијалог со Косово да се одржи кога ќе се создадат соодветни услови
Албанија во одлучувачка фаза на патот кон ЕУ
Капетановиќ: Нашиот следен предизвик не е да дигитализираме шест економии, туку да ги поврземе
Захарова: На црногорските граѓани ќе им требаат визи за патување во Русија
Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Албанија и Израел потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
Во скопската Општина Чаир турскиот јазик веќе 13 години се користи како службен јазик
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ