| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Недостигот на одбранбени проектили на САД може да трае до 2030 г., предупредил разрешениот генерал
Поранешниот началник на американската армија, Ренди Џорџ, кој беше разрешен во април, уште во декември лани предупредил на недостиг од пресретнувачи Патриот и ТХААД, повеќе од два месеци пред американско-израелската војна против Иран
Недостигот на одбранбени проектили на САД може да трае до 2030 г., предупредил разрешениот генерал
САД ја почнале 2026 година со приближно 2.300 пресретнувачи за системот Патриот, од кои за време на конфликтот употребиле меѓу 1.050 и 1.430

Разрешениот началник на Генералштабот на американската армија, генерал Ренди Џорџ, неколку месеци пред почетокот на американско-израелската војна против Иран предупредил дека американските резерви на ракети за противвоздушна одбрана се критично ниски и дека нивното обновување би можело да потрае до 2030 година, објави вчера Си-Би-Ес њуз, пренесува Анадолу.

Џорџ го упатил предупредувањето кон крајот на декември, два месеца пред почетокот на конфликтот, според американски официјални претставници запознаени со неговата процена.

Министерот за одбрана Пит Хегсет го разрешил од функцијата во април, додека војната била во тек.

Процената на генералот, вклучена во планирањето на Пентагон за распределба на силите за фискалната 2027 година, укажувала на недостиг од пресретнувачи за системот за противракетна одбрана на голема височина ТХААД и ракети Патриот, при што се очекувало резервите да останат на стратегиски ниско ниво до 2030 година.

Според известувањата, американските претставници го припишале недостигот на испораките на оружје за Украина, американската воена поддршка за Израел, ограничените производствени капацитети на одбранбената индустрија, а војната со Иран дополнително ги намалила резрвите.

Проценка на Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС) покажала дека американските сили ја започнале 2026 година со приближно 2.300 пресретнувачи за системот Патриот, од кои за време на конфликтот употребиле меѓу 1.050 и 1.430.

Пред војната САД располагале со околу 355 пресретнувачи за системот ТХААД, од кои, според процените, биле употребени меѓу 190 и 290.

Марк Кансијан, пензиониран полковник на американскиот Марински корпус и виш советник во ЦСИС, за Си-Би-Ес њуз изјави дека овие системи ќе бидат од клучно значење во евентуален конфликт со Кина.

„Воздушната одбрана- противракетната одбрана- ќе биде од огромно значење“, рече тој, објаснувајќи дека при евентуален голем судир со Пекинг би биле потребни значителни резерви на пресретнувачи.

Обновувањето на резервите е долготраен процес.

Според процените на ЦСИС, исполнувањето на новите договори за набавка на пресретнувачи за ТХААД трае повеќе од четири години, а нарачките за ракетите Патриот ПАК-3 во просек се реализираат за три и пол години.

Пентагон ги отфрли тврдењата за недостиг. Главниот портпарол Шон Парнел за Си-Би-Ес њуз изјави: „Тврдењата за недостиг на американска муниција се неточни.“

Тој додаде дека Вашингтон располага со „сè што е потребно за да изврши напад во време и на место што ќе ги избере претседателот“.

Повеќе
Фон дер Лајен: Русија не го испочитува енергетскиот прекин на огнот, потребен е поголем притисок
„Никеи“: Компромитирани податоци на над 1,8 милиони корисници при упад во „клауд“ сервис
Белгија годинава ќе ѝ испорача 10 борбени авиони Ф-16 на Украина
Фидан: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се градат врз непоколебливо пријателство и братство
Бразил воведува пократка работна недела од 44 на 40 часови без намалување на платите
Пентагон ќе објави извештај за нападот врз училиштето во Иран по среднорочните избори
Путин: Русија одговара на украинските напади врз енергетски објекти
Израелски окупатори нападнаа берачи на маслинки и запалија три возила на Западниот Брег
Зеленски бара повеќе Ф-16 и поддршка за воздушна одбрана поради руските напади
Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје против Иран
Мадуро и неговата сопруга обвинети во САД и за тортура врз политичките противници
Тинејџер уби тројца ученици и наставник во училиште во Орегон
Романските спасувачи трагаат по екипажот на брод запален во Црното Море, наводно погоден со дрон
Белата куќа ја брани прес-секретарката Кејти Закарија поради прашања околу правните акредитиви
17 ученици загинаа при уривање на покрив на училиште во северозападен Пакистан
Северна Кореја тестираше два вида стратегиски крстосувачки ракети лансирани од подморница
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Брод потона во Ормускиот Теснец откако удрил во мина
Германија ќе воведе данок на шеќер во безалкохолните пијалоци
ЕУ предлага одложување на обврските за метан поради притисок врз увозниците на енергија