Восхитувачка природа: Коњи, Калин Камен, Осогово
РЕГИОН
3 мин читање
Восхитувачка природа: Коњи, Калин Камен, Осогово„Природата многу им се допаѓа на странците", кажува Јанковски, додека додава дека дел од нив веќе стануваат редовни посетители, се навраќаат со децата и си ги паметат имињата на коњите.
Восхитувачка природа: Коњи, Калин Камен, Осогово

Кога последен пат си јавал коњ? Не мислиме на онаа кратка проба на некој штанд на саем, туку вистинско јавање- низ шума, во планина, таму каде нема сигнал и каде единствениот звук е чекорот на копитата по земјата. Ако одговорот е „никогаш", добредојде во клубот. Ако е „одамна", тогаш ова е знак дека е време повторно.

Во разговор со Дарко Јанковски, сопственик на Horse Riding Kalin Kamen, ТРТ Балкан го посети македонскиот источен дел за да открие како изгледа уживањето во природата преку галопот на коњите – таму каде Осоговските планини се креваат над Крива Паланка, на местото наречено Калин Камен.

Приказната зад ранчот започнала пред две години, сосема случајно, од желбата на синот на Дарко. 

„Приказната започна пред 2 години, откако малиот мој имаше голема желба за јавање коњи. И оттука ни започна сѐ. После купивме седла да има повеќе, за туристи", раскажува Јанковски. 

Она што почнало како семејна идеја, денес прераснало во место каде доаѓаат гости од секаде- деца, возрасни, искусни јавачи и целосни почетници.

Денес на ранчот има осум коња за јавање и две мали ждребиња. Сите се македонска раса, земени и обучени од домашни ранчови, без ниту еден увезен однадвор. 

„Коњите сите се македонски, не се увезени отстрана. Од ранчови се земени, обучени", вели Јанковски. Токму тоа е дел од шармот – коњи со сопствен карактер, мирни и послушни, соодветни и за најмалите гости и за оние што бараат посилно искуство.

Турите тргнуваат од ресторанот Конак Калин Камен, во подножјето, каде за децата се резервирани кратки, петнаесетминутни тури. Но за оние што сакаат повеќе, патот води и понатаму- до манастирот Св. Јоаким Осоговски, најпосетеното место на овие патеки, па сè до вистинскиот врв на искуството: шестчасовна тура до Царев Врв, со поглед кон три држави одеднаш.

Гостите доаѓаат од Германија, Франција, Бугарија – луѓе кои веднаш се вљубуваат во амбиентот. 

„Природата многу им се допаѓа на странците", кажува Јанковски, додека додава дека дел од нив веќе стануваат редовни посетители, се навраќаат со децата и си ги паметат имињата на коњите.

Осумдесет и пет проценти од македонската површина се состои од планински врвови, но туризмот речиси секогаш завршува на истите неколку локации. Источниот дел на земјата, со Осоговските планини, останува надвор од таа листа – иако нуди искуство кое малку каде инаку може да се најде. Патот на коњ до Царев Врв е вистинско уживање со спектакуларен поглед на планински врвови одоколу. Тоа е начин на движење што овде постои со векови, и сѐ уште трае, само во малку поинаква форма.

За крајот на турата, најблискиот ресторан на Калин Камен нуди традиционална македонска трпеза – совршен завршеток на ден поминат меѓу планина и галоп.

„Нашата цел е да се зголеми туризмот, за да има повеќе посетеност од луѓе", вели Јанковски. „Важно е да има народ во нашиот крај. Секој си има свој вкус- некој сака да јава коњи, некој четирицикли да вози, некој сака да лета со параглајдер."

Оваа природа чека да биде откриена од оние кои знаат дека најдобрите места немаат билборди. А коњите на Калин Камен веќе те чекаат да галопираш во ритамот на планината.


Повеќе
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна
Не успеа конституирањето на Собранието на Косово, седницата продолжува во петок
Вучиќ го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври
Албулена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив
Кошта и Фон дер Лајен: Снимките од погребот на Младиќ беа шокантни
Некои од најважните настани во 35-годишната независност
Косовскиот министер за внатрешни работи осуден за фрлање солзавец во Собранието
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа