| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Иран врати три странски танкери кои се обиделе да извршат „неовластен“ транзит низ Ормускиот Теснец
Танкерите се обиделе да поминат низ јужниот коридор на Теснецот без претходна координација со иранските власти, по што интервенирала Морнарицата на Исламската револуционерна гарда
Иран врати три странски танкери кои се обиделе да извршат „неовластен“ транзит низ Ормускиот Теснец
ИРГЦ соопшти дека е нелегална и крајно опасна новонајавената алтернативна рута за преминување на теснецот и воспоставена без координација со Техеран / Reuters

Три странски нафтени танкери се вратени назад кон Персискиот Залив по обидот да поминат низ, како што се наведува, „неовластена“ рута во Ормускиот Теснец, јави денес иранскиот државен радиодифузер ИРИБ.

Танкерите се обиделе да поминат низ јужниот коридор на Теснецот без претходна координација со иранските власти, по што интервенирала Морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), објави ИРИБ.

Според наводите, Морнарицата околу 4 часот наутро по локално време упатила предупредување до сите бродови во Персискиот Залив и Оманското Море, прогласувајќи ја за „нелегална, неприфатлива и крајно опасна“ новонајавената алтернативна рута за преминување на Теснецот, што е воспоставена без координација со Техеран.

Иранската Администрација за управување со водите на Персискиот Залив одделно предупреди дека неовластениот премин надвор од рутите одредени од Иран може да создаде безбедносни ризици и да резултира со ускратување на услугите за обезбедување непречено пловење на бродовите.

Оттаму нагласија дека одговорноста за какви било последици ќе биде на сопствениците, операторите и командантите на пловилата.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД