| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Министерството за океани и рибарство соопшти дека бродовите безбедно поминале низ теснецот и продолжуваат со нормалното работење.
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
"Jedina odobrena ruta za prolaz kroz Hormuški moreuz jeste ruta koju je objavila Islamska Republika Iran", navela je ova vojna formacija. / AA

Уште осум бродови управувани од Јужна Кореја безбедно го напуштија Ормускиот теснец по договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран од минатата недела, објавија локалните медиуми во денеска, повикувајќи се на официјални лица.

Министерството за океани и рибарство на Сеул соопшти дека со најновото излегување на бродовите, бројот на бродови поврзани со Јужна Кореја што останале во стратешкиот воден пат е намален на пет, според Јонхап њуз.

Министерството соопшти дека бродовите безбедно поминале низ теснецот и продолжуваат со нормалното работење. Вкупно 37 јужнокорејски морнари биле на бродовите, вклучувајќи еден брод што се упатил кон Јужна Кореја.

По последните заминувања, 47 јужнокорејски морнари остануваат во регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи 30 кои служат на бродови со странски знамиња.

Движењето доаѓа откако САД и Иран постигнаа договор за прекин на огнот според кој Техеран се согласи да им дозволи на комерцијалните бродови да транзитираат низ Ормускиот теснец без такси 60 дена по потпишувањето на привремениот договор.

Ормускиот теснец е клучна точка за глобалните испораки на нафта и течен природен гас, поврзувајќи ги производителите од Заливот со меѓународните пазари.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД