Иницијативата на Анкара „Туркије без тероризам“ напредува позитивно откако стана државна политика, изјави турскиот потпретседат, Џевдет Јилмаз.
Говорејќи во Уредничкиот деск на Анадолу во Анкара, Јилмаз рече дека иницијативата станала државна политика и дека напорите во таа рамка се одвиваат позитивно.
„Ова стана државна политика и со работата што се спроведува во таа рамка, процесот ’Туркије без тероризам‘ се движи по својот тек и во позитивна насока“, рече тој.
Јилмаз истакна дека Туркије на овој процес гледа како на „голема можност“, нагласувајќи дека ресурсите што се трошат за борба против тероризмот би можеле наместо тоа да се насочат кон развојот на земјата и кон демократските стандарди.
„Енергијата што ја трошевме на борбата против тероризмот ќе ја пренасочиме кон развој и кон подобрување на нашите демократски стандарди. Ова го гледаме како голема можност“, рече тој.
Во врска со разоружувањето на терористичката организација ПКК, Јилмаз рече дека има позитивни случувања на терен, но предупреди дека таквите процеси се тешки и бараат трпение.
„Има позитивен напредок на терен, но ова се тешки процеси. Треба трпеливо да го следиме процесот и чекор по чекор да се движиме кон целта“, рече тој.
Јилмаз исто така нагласи дека Туркије го решава ова прашање преку сопствените институции, без да бара надворешно посредување.
„Доколку се постигне целосен успех, ова ќе биде успешна приказна што ќе служи како пример за светот“, додаде тој.




















