Шведскиот парламент гласаше во четврток против назначувањето на лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за формирање малцинска влада- исход што беше широко очекуван.
Со ова се продолжува периодот на неизвесност околу тоа кој ќе стане премиер по општите избори одржани минатиот месец.
Гласањето во парламентот заврши со 99 гласови „за“ и 248 гласови „против“.
„Бидејќи повеќе од половина од пратениците гласаа „против“, парламентот го отфрли предлогот за назначување на Магдалена Андерсон од Социјалдемократската партија за премиер“, рече претседателот на парламентот Андреас Норлен.
Гласањето дојде откако Андерсон во вторник изјави дека досега не успеала да формира влада по септемвриските избори, но дека останува подготвена да се соочи со парламентарно гласање за нејзината кандидатура за премиер.
Четири опозициски партии од централно-левичарскиот блок, на кој му припаѓа Андерсон, тесно победи на септемвриските избори, освојувајќи мнозинство во шведскиот парламент, Риксдагот со 176 пратенички места, во споредба со 173 места што ги освои десно-центристичката коалиција.
Сепак, партиитево блокот не можат да постигнат договор за тоа кој треба да биде дел од новата влада.


























