| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Ѓорческа загуби од Анисимова во историскиот настап на Вимблдон
За првпат во историјата една македонска тенисерка се појави во главниот ждреб на Гренд Слем турнир, и тоа на најпрестижниот тениски турнир во светот во поединечна конкуренција, кој се смета за неофицијалното светско првенство во тенис
Ѓорческа загуби од Анисимова во историскиот настап на Вимблдон
Македонската тенисерка загуби од Американката 2:0 по сетови 6:3 и 6:2 / Reuters

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од големата фаворитка Аманда Анисимова, шестопласираната на ВТА листата, со 2:0 во сетови, но не разочара во дебитантскиот и историски настап на Вимблдон.

За првпат во историјата една македонска тенисерка се појави во главниот ждреб на Гренд Слем турнир, и тоа на најпрестижниот тениски турнир во светот во поединечна конкуренција, кој се смета за неофицијалното светско првенство во тенис.

Ѓорческа во првиот сет даде солиден отпор и освои три гема. Сепак, Американката со руско потекло ја потврди својата класа, таа е финалистка од минатата сезона, а има големи амбиции за освојување на турнирот.

Во вториот сет Аманда Анисимова славеше со 6:2 во гемови, а мечот траеше еден час.

Македонската тенисерка забележа дури 8 двојни сервисни грешки наспроти само 2 на Анисимова, а успешноста на првиот сервис изнесуваше 41%.

Анисимова реализира 3 од вкупно 4 брејк топки, додека Ѓорческа во текот на целиот меч не успеа да избори ниту една брејк шанса .

Американката освои убедливи 62 поени, наспроти 37 поени за Ѓорческа.

Повеќе
Парламентарна делегација на НАТО го посети турскиот гигант за беспилотни летала Бајкар
Бројот на жртви во разорните земјотреси во Венецуела достигна 1.700
Двајца припадници на Иранската револуционерна гарда убиени во терористички напад
Претседателот на Собранието, Гаши го посети Деловниот совет Туркије-Северна Македонија при ДЕИК
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Јенот падна на најниско ниво во последните 39 години
Нелегални израелски доселеници сакаат да заземат сто стратешки локации во окупираниот Западен Брег
Иран и Франција разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Трамп им се закани со „проблеми“ на продавачите на горива ако не ги намалат цените
Заврши Мундијалот за Холандија и Германија, изгубија на пенали од Мароко и Парагвај
СП: Бразил во судиското продолжение ја совлада Јапонија и се пласира меѓу 16 најдобри во светот
Гардијан: ЕУ од 1 јули воведува царина од три евра по артикл во пакети кои доаѓаат надвор од унијата
Макрон: Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на Блискиот Исток
Полска: Tрансферот на МиГ-29 во Украина зависи од договорот за технологија на беспилотни летала
Трамп: Иран побара состанок, тој ќе се одржи утре во Доха