| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Денеска почнува зимското сметање на времето
Повеќето земји во Европа и Северна Америка ги поместуваат стрелките на часовникот двапати годишно, практика за прв пат воведена од Германија во 1916 година во екот на Првата светска војна за да се заштеди јаглен што се користи за осветлување
Денеска почнува зимското сметање на времето
Зимското сметање на времето почнува на 25 октомври откако стрелките на часовниците во 3 часот ќе се поместат на 2 часот по полноќ

Од недела 25. октомври, со поместување на часовникот за еден час наназад, почнува зимското сметање на времето, откако стрелките на часовниците во 3 часот ќе се поместат на 2 часот по полноќ.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година. 

Оваа недела часовниците повторно ќе се вратат наназад, иако Европскиот парламент уште кон крајот на 2019 година иницираше укинување на оваа практика. Зошто?

Менувањето на времето двапати годишно одамна е непопуларно низ Европа. Во консултација спроведена на ниво на ЕУ во 2018 година, 84% од испитаниците се изјаснија за укинување на сезонското менување на времето, што одразува широко распространето незадоволство од оваа практика.

Следната година, Европскиот парламент со огромно мнозинство го поддржа предлогот на Европската комисија за укинување на промената на времето што се случува двапати годишно.

Но години подоцна, Европејците сè уште ги поместуваат стрелките на часовникот нанапред во пролет и наназад во есен. Предлогот остана заглавен, бидејќи земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за тоа како да се спроведе промената. Пандемијата на КОВИД-19 и целосната инвазија на Русија врз Украина, исто така, придонесоа ова прашање да падне во втор план на политичката агенда.

Сепак, Европската комисија во јули лани објави дека во текот на година ќе почне нова студија за укинување на одлуката за полугодишно поместување на стрелките на часовникот, откако една европратеничка формално побара дополнителна анализа на ова прашање.

И шпанската влада лани објави дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да ја укине промената на зимско и летно сметање на времето, наведувајќи дека тоа е застарена практика и оти поместувањето на часовникот двапати годишно повеќе нема смисла.

Но се чини дека европските политичари стравуваат од административен и економски хаос ако настане разногласие меѓу земјите членки и земјите кандидати или партнери. 

За разлика од Европа, летното сметање на времето во Соединетите Држави e на добар пат да остане на сила, откако во јули годинава со 308 гласа „за“ и 117 „против“, пратениците во Претставничкиот дом од двете партии го одобрија предложемиот „Закон за заштита на сончевата светлина“ (Sunshine Protection Act), чија цел е летното сметање на времето да стане новото стандардно време.

Предлогот е примен во Сенатот и упатено до Комитетот за трговија, наука и транспорт, каде што ќе треба да биде поставен на дебата и да се изгласа/

Повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка ги поместуваат стрелките на часовникот двапати годишно, практика за прв пат воведена од Германија во 1916 година во екот на Првата светска војна за да се заштеди јаглен што се користи за осветлување. 

Нејзиниот пример го следеа Велика Британија, Русија и САД, а повеќе од 140 земји воведоа сезонска промена на часовникот. 

Основната идеја била подобро да се искористи дневната светлина, за што во 1784 година се залагал американскиот политичар и научник Бенџамин Френклин, кој објавил есеј во кој предлага луѓето да стануваат порано и на тој начин да заштедат на свеќи. 

Бројот на земји што го менуваа часовникот помеѓу двете војни значително се намали меѓу двете војни и летното сметање на времето беше повторно воведено по нафтената криза во 1970-те, за да се заштеди енергија. 

Летното сметање на времето во поранешна СФР Југославија е воведено на 27 март 1983 година. 

Одредени земји во светот одамна ја укинаа практиката на менување на пресметувањето на времето, а најпознат пример за земја е Русија, која се протега низ 11 временски зони, а која во 2014 година го отфрли летното сметање на времето. 

Времето не се менува во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Туркије, Грузија, Белорусија и низ африканскиот континент.


Повеќе
Германскиот претседател Штајнмајер во државна посета на Кина
Ердоган: Туркије продолжува со напорите за отворање пат за мир низ регионите
Грчкиот парламент ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години
Бугарија во недела избира претседател
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Најмалку 16 загинати во земјотрес во Тибет
Путин: Разговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Јапонскиот романописец Рју Мураками почина на 74 години
Австралија санкционира 2 севернокорејски компании, „финансиски брокери“
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Бурата „Остин“ остави над 160.000 домаќинства без струја во Франција
Русија ги отфрла обвинувањата на Нетанјаху за наводна вмешаност во антисемитска онлајн кампања
Осуммина загинаа во немири во затвори во Еквадор, соопштија властите
Пашинјан: Ерменија и Азербејџан може да го потпишат мировниот договор во периодот 2027-2028