| Macedonian
Тесла го претстави новиот летачки автомобил по речиси една деценија одложување
Роудстер е опремен со пoтиснувачки мотори и изведува воздушни маневри, додека Илон Маск признава неизвесност дали возилото ќе биде легално за употреба на јавни патишта
Тесла го претстави новиот летачки автомобил по речиси една деценија одложување
Системот користи потиснувачки мотори напојувани со компримиран гас, кои му овозможуваат на автомобилот накратко да се одвои од земјата

Тесла го претстави својот нов модел Роудстер опремен со ракетни потиснувачки мотори во Тексас во четврток по речиси една деценија одложување.

Системот користи потиснувачки мотори напојувани со компримиран гас, кои му овозможуваат на автомобилот накратко да се одвои од земјата и да изведува маневри во воздух.

Извршниот директор Илон Маск објави дека почетокот на продажбата на возилата е планирана за 2028 година, објавуваат медиумите.

Маск го претстави новиот летачки автомобил во објектот на СпејсX во Мекгрегор, Тексас, околу 354 километри северозападно од Хјустон.

Настанот привлече ентузијасти на Тесла, вклучувајќи купувачи кои платија депозит од 250.000 долари (околу 223.000 евра) пред девет години за да го обезбедат возилото кога ќе се појави на пазарот.

Според публиката, Роудстерот извршил неколку необични маневри, вклучувајќи возење наопаку, скокање преку пет автомобили на Тесла наредени еден до друг и изведување на тркалање во воздух користејќи ги потиснувачките мотори на SpaceX.

И покрај демонстрацијата, останува прашањето дали возилото ќе биде легално за употреба на јавни патишта.

„Значи, ова ќе биде вистински автомобил што ќе биде на патот“, им рече Маск на присутните, пред да ја образложи својата изјава.

„Па, да. Зависи од улицата. Но тоа ќе биде функционален автомобил“, рече тој.

„Знаете, не сум сигурен дека е легално во сите јурисдикции. Но ќе биде автомобил што некој може да го поседува.“

Експертите од автомобилската индустрија истакнуваат дека ова е важна разлика, бидејќи е можно да се купат електрични возила со слични системи за употреба на приватни патеки, но „правењето такво возило легално за употреба на јавни патишта е сосема поинаков предизвик.“

Тесла вели дека Роудстерот, со вклучени погонски механизми, би можел да забрза од нула до 60 милји на час за една секунда и да достигне максимална брзина од 230 милји на час.

Иако првите купувачи платија 250.000 долари за возилото, Тесла сè уште не објави цена за планираното лансирање во 2028 година.

Компанијата не го откри капацитетот на батеријата на новиот Roadster.

Сегашниот модел има наведен опсег од 620 милји (998 километри) со целосно наполнета батерија.

Повеќе
Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Европските компании сè повеќе користат вештачка интелигенција
Роверот „Персеверанс“ на НАСА постави нов рекорд на Марс
Антропик: Моделите на ВИ наскоро би можеле да се копираат низ паметните уреди без човечка контрола
ММФ: Војната и ВИ го менуваат глобалниот раст, јазот меѓу земјите се продлабочува
Кинеската компанија БИД размислува за отворање уште две фабрики за автомобили во Европа
Мајкрософт го претстави ВИ чипот Maиa 300, планира поширока примена од 2027 година
Турската одбранбена компанија АСЕЛСАН го претстави системот ГОКАЛП за пресретнување дронови
Квантните компјутери се закана за крипто паричниците, предупредува Европол
Петпати смртоносни патогени „избегале“ од лабораториите
На ЕУ ѝ се заканува недостиг од гас со приближувањето на зимата
Спејс Екс на Маск ќе стане голем комуникациски и мобилен оператор во САД
Самсунг очекува рекордна добивка од 80 милијарди долари поради бумот на ВИ
ТСМЦ со рекордни месечни приходи од над 16 милијарди долари за ВИ чиповите
Пад на германскиот извоз поради намалени испораки во САД
СпејсЕкс планира да собере 40 милијарди долари за да купи чипови од Нвидиа, објавува ФТ
Директорката на ММФ предупреди на енергетските шокови и побарувачката за ВИ
EВРЕН и исчекорот на турскиот национален суверенитет во ерата на вештачката интелигенција
Американската дигитална инфраструктура на излезна врата од Европа
Повеќе не е евтино: Што значат новите правила на ЕУ за е-трговија за нискобуџетните платформи?