| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
СП 2026: Туркије ги победи САД, Еквадор со пресврт до триумф над Германија
САД постигнаа гол уште во 3. минута, но турската репрезентација преку головите на Ѓулер и Јилмаз поведе по што Американците израмнија на стартот од второто полувреме, за да во судиското надополнување Ајхан погоди за 3:2
СП 2026: Туркије ги победи САД, Еквадор со пресврт до триумф над Германија
Туркије и покрај победата остана на последната позиција во групата Д, каде лидер е САД / Reuters

Еден од домаќините на Светското првенство, селекцијата на САД го претрпе првиот пораз на турнирот, откако со 3:2 загуби од Туркије во последниот натпревар од Групата Д, во Лос Анџелес во САД.

Сепак, ова беше еден од најневажните дуели на турнирот затоа што Американците секако го имаа обезбедено првото место во групата, додека Туркије беше елиминирана и остана на последното место.

Уште од самиот почеток започнаа возбудувањата кога Американците поведоа со голот на Трасти во третата минута. Турците брзо реагираа и до крајот на првото полувреме направија пресврт.

Најпрво Арда Ѓулер израмни на 1:1 во 10 минута. Тоа беше 63-от шут на Туркије на турнирот и нивниот прв гол, 24 години по голот на Илхан Мансиз во 2002 година. Потоа Јилмаз погоди за 2:1 во 31 минута.

На почетокот на второто полувреме Американците повторно погодија за 2:2 и овој резултат беше буквално до самиот финиш на средбата. Се играше 90+8 минута кога Туркије со погодокот на Ајхан стигна до победа од 3:2, која на крајот не им донесе пласман во нокаут фазата.

Во вториот меч од оваа група, Австралија и Парагвај одиграа без голови. Ремито беше резултат кој им одговараше на двете селекции, па едноставно не се замараа премногу да стигнат до победата, туку внимаваа да не загубат.

На крајот, поредокот во оваа група е САД прв со 6 бодови, Австралија 4, Парагвај 4 и Турција со три бодови.

Репрезентацијата на Еквадор по пауза од 20 години ќе игра во нокаут фазата на Светско првенство, откако последен пат тоа им успеа на шампионатот во 2006 година. Селекцијата од Јужна Америка дојде до пласман во 1/16-финалето со победа над Германија од 2:1 и тоа со пресврт.

Германците поведоа со спорниот гол на Сане по само 110 секунди игра, но следуваше комплетен пресврт. Еквадор израмни преку Ангуло во деветтата минута, а победата ја донесе Плата во 77. минута.

И покрај поразот, Германија го освои првото место во групата „Е“ со шест бода, колку што има и Брегот на Слоновата Коска, додека Еквадор со четири бода е трет.

Дебитантот Курасао е елиминиран од Светското првенство, откако на третиот меч загуби со 2:0 од Брегот на Слоновата Коска, селекција која испиша историја, бидејќи за првпат успеа да ја мине групата во своето четвро учество на Мундијалот.

Јапонија уште еднаш покажа дека се работи за сериозна селекција и одигра 1:1 против Шведска во третото коло од група Ф. Во втроиот меч од оваа група, Холандија без проблеми со 3:1 го победи Тунис, па по комплетирање на сите натпревари, конечната табела изгледа вака: Холандија 7 бодови, Јапонија 5, Шведска 4 и Тунис кој заврши без ниту еден освоен бод.

Ремито беше резултат кој им одговараше и на Јапонија и на Шведска, а откако по првото полувреме немаше голови, азиската репрезентација поведе со погодокот на Маеда во 56 минута. Сепак, радоста на Јапонија траеше кратко, затоа што во 62 минута Еланга израмни на 1:1.

До крајот на мечот остана 1:1, па Јапонија ја задржа втората позиција, а и Шведска иако е на третото место, со освоените четири бодови, сигурно ќе игра во нокаут-фазата.

Холандија по брза постапка ја заврши работата против Тунис, откако фаворитот постигна два гола во почетните седум минути од мечот. Најпрво Скхири си постигна автогол, а потоа броби погоди за 2:0 за Лалињата, резултат со кој се замина на полувреме.

На почетокот од вториот дел малку надеж за Тунис стигна со погодокот на Мастоури во 54 минута, но потоа Вак Хеке погоди за 3:1 за Холандија во 62 минута, што се покажа и како конечен резултат.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД