Париз денеска му дозволил на авионот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да прелета низ францускиот воздушен простор додека тој патувал за Њујорк на Генералното собрание на ОН, велат дипломатски извори.
„Ова е петти пат. Време е да се стави крај на оваа Франција која се понижува и го гази меѓународното право“, напиша пратеничката во Европскиот парламент, Ема Фуро, на американската социјална мрежа „Икс“ (X), критикувајќи ја дадената дозвола.
„Франција под водство на Макрон повторно му дозволува на Нетанјаху – криминалец – да прелета преку францускиот воздушен простор за да присуствува на Генералното собрание на ОН, иако тој е предмет на налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа“, додаде Фуро.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и на поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант во ноември 2024 година, поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Авионот на Нетанјаху претходно прелетал над француска територија во јули 2026 година, како и во февруари, април и јули 2025 година.






















