| Macedonian
СВЕТ
7 мин читање
Станбената криза во Шпанија ги тестира границите на европската држава на благосостојба
Фондот за социјални станови во Шпанија сочинува само 1,7 отсто од сите домови, оставајќи милиони луѓе да се борат со растечките трошоци и станбената несигурност
Станбената криза во Шпанија ги тестира границите на европската држава на благосостојба
Откако имотот добил нов сопственик, Абаскал не можела да си ја дозволи значително зголемената кирија и на крајот била иселен од домот.

Кризата во Шпанија одразува поширок европски неуспех во обезбедувањето сигурно домување па незадоволството од животниот стандард и куповната моќ ја поттикнува поддршката за маргиналните политички партии

Кога 87-годишната Марикармен Абаскал минатиот месец беше изнесена од нејзиниот дом во Мадрид на носилка, снимките од нејзиното иселување се проширија низ Шпанија и ја претворија долготрајната станбена криза во политички револт.

Абаскал живеела во станот повеќе од седум децении.

Откако имотот добил нов сопственик, таа не можела да си ја дозволи драстично зголемената кирија и на крајот била отстранета од домот, и покрај постојаните напори на активистите за правата на станарите да го спречат иселувањето.

Таа почина во болница минатата недела, две недели по иселувањето. Нејзиниот адвокат не ја откри причината за смртта. Но нејзината приказна стана симбол на контрадикторноста во срцето на шпанската станбена криза.

Пристап до живеалиште е признаено како право според шпанскиот устав, но сепак земјата има еден од најмалите фондови за социјални станови во Европската унија, од само 1,7 отсто.

Оваа бројка е далеку од доволна, според политичкиот аналитичар Клаус Јургенс.

„Можеме да тврдиме дека шпанскиот модел на социјална благосостојба стана прилично капиталистички, во кој пристапот до живеалиште како социјално право е сериозно ограничен, особено за време на економски кризи кога луѓето се борат да врзат крај со крај“, вели Јургенс за TРТ Ворлд.

ПоврзаниTRT Balkan - Станови по прифатливи цени во ЕУ- реалност или само план на хартија

Ова не е вистинската насока, особено под влада со левичарска ориентација, тврди Јургенс.

„Се чини дека Шпанија ја занемарила важноста на домувањето, можеби затоа што се сметала себеси за држава на благосостојба каде што сè оди добро. Но, таа го занемарува фактот дека на луѓето им треба покрив над главата, а приватниот пазар не е решението“.

Околу 73 отсто од Шпанците се сопственици на своите домови, но повеќе од половина од луѓето на возраст од 18 до 34 години сега живеат со своите родители или финансиски зависат од нив.

Цените на куќите минатата година пораснаа со трипати поголема стапка од платите.

Право на хартија, пазар во пракса

Недостигот во Шпанија е сериозен. Централната банка на земјата проценува дека постои недостиг од околу 750.000 станови, бројка што би можела да достигне еден милион до 2028 година.

Но проблемот не е само во бројот на станови. Градежниот сектор не успеа да го следи темпото на побарувачката во градовите каде што на луѓето им е потребно домување, додека планирањето останува расцепкано меѓу централната власт, регионите и општините.

Краткорочното издавање и зголемената побарувачка во урбаните центри дополнително го зголемија притисокот.

Социјалистичката влада на шпанскиот премиер Педро Санчез се обиде директно да интервенира. Нејзиниот пакет мерки за домување вклучуваше посилна заштита од присилно иселување, мерки за ограничување на притисокот врз висината на кириите и ограничувања за купување недвижности од страна на корпорации.

Парламентот го отфрли пакетот откако пратениците од десницата и каталонската партија Хунц (Junts) се спротивставија, тврдејќи дека построгата регулатива дополнително ќе ја ограничи понудата.

Три дена подоцна, Санчез најави распуштање на парламентот и распишување предвремени општи избори за 29 ноември, по отфрлањето на две владини уредби за домување од страна на Народната партија (ПП), Вокс (Vox) и Хунц.

Јургенс смета дека дури и ако предвремените избори ја доведат опозицијата на власт, поставувањето на социјалното домување како приоритет нема да понуди моментално решение.

„Колку време би траело тоа? Не можете да изградите десетици илјади домови за една недела. Дури и според најоптимистичките претпоставки, за зголемување на сегашниот удел од 1,7 отсто би биле потребни меѓу две и четири години.“

За Јургенс, политичките последици од кризата со домувањето одразуваат поширок револт против естаблишментот, поттикнат од незадоволството од животниот стандард и социјалните услови.

„Го имаме прашањето за миграцијата во енклави како Сеута, незадоволството од социјалните услови, а понекогаш е доволно само едно прашање за да се поттикне поширок револт“, вели Јургенс.

„Санчез е познат по тоа што успева да се опорави од политички неуспеси. Кој и да победи на следните избори, ќе мора да се соочи со широко распространетото незадоволство на јавноста“, додава тој.

Поширок европски проблем

Кризата во Шпанија одразува поширок европски неуспех во обезбедувањето сигурно домување, иако притисоците варираат од земја до земја. Во Грција, во 2024 година, речиси 29 отсто од населението живеело во домаќинства што трошеле повеќе од 40 отсто од својот расположлив приход за домување- што претставува најголем удел во ЕУ.

ПоврзаниTRT Balkan - Европратениците бараат посилни мерки за поевтини станови за младите и сиромашните

Кириите во Ирска се повеќе од двојно зголемени од 2010 година, поради што илјадници луѓе зависат од привремено сместување.

Дури и Германија, со својот поголем сектор за социјално домување, не е поштедена од овој проблем, бидејќи домаќинствата таму во 2024 година трошеле во просек 25 отсто од својот расположлив приход за домување.

Јургенс тврди дека станбената криза во Шпанија ја одразува пошироката европска криза, предупредувајќи дека незадоволството од животниот стандард и куповната моќ ја поттикнува поддршката за маргиналните политички партии.

„Погледнете ја Германија и екстремно десничарската партија АфД (AfD), или Обединетото Кралство и партијата Реформ УК(Reform UK) на Најџел Фараж. Кога луѓето се незадоволни од својата куповна моќ тие имаат тенденција да гласаат за партии од политичките маргини“, вели Јургенс.

„Ова е многу опасна ситуација во многу европски земји“, додава тој.

„Во Виена, 43% од станбениот фонд го сочинуваат социјални станови. Во Германија, таа бројка изнесува само 3,3%, додека во Обединетото Кралство таа е 17%. Дури и кога ги споредуваме германските 3,3% со шпанските 1,7%, мора да признаеме дека и германската бројка е недоволна.“ 

Станбената несигурност и подемот на екстремната десница

Проблемот низ Европа оди подалеку од прашањето за достапноста на цените и го опфаќа ризикот од целосно губење на стабилниот дом.

Податоците на Евростат за 2023 година покажаа дека 4,9% од луѓето на возраст од 16 години и постари низ ЕУ доживеале тешкотии поврзани со домувањето во одреден момент од својот живот, вклучувајќи привремен престој кај пријатели или роднини, користење на итно сместување или спиење на јавни површини.

Овој удел се зголемил на 8,5% кај луѓето изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, во споредба со 3,9% кај оние кои не се изложени на таков ризик.

Администрацијата на кипарските Грци ја забележал највисоката стапка од 11,2%, по што следат Финска со 10,8%, додека Данска, Франција и Шведска забележале стапки над 9%.

Последиците се исто така тесно поврзани со излегувањето од сиромаштија. Низ ЕУ, финансиските тешкотии биле причина за 25,9% од пријавените проблеми со домувањето, додека наоѓањето работа било најчестиот начин за нивно надминување, наведен од 26,5% од луѓето кои ги надминале таквите тешкотии.

Преселувањето во социјални станови или во субвенционирано приватно сместување претставувало уште 20,4% од случаите. Фактот што многу луѓе зависат од вработување за да обезбедат стабилен дом, додека еден од петмина го надминува проблемот преку субвенционирано сместување, ги истакнува ограничувањата на пристапот според кој безбедноста на домувањето се препушта на индивидуалната куповна моќ.

ПоврзаниTRT Balkan - Европските банки ги заоструваат условите за одобрување кредити на граѓаните и компаниите

Исклучително малиот фонд на социјални станови во Шпанија ја прави оваа противречност особено видлива, но европските податоци сугерираат дека основниот предизвик е заеднички за многу различни системи на социјална заштита.

„Погледнете ги источните германски покраини, каде што партијата АфД моментално е многу силна. Луѓето не гласаат за маргинални партии затоа што сакаат да кренат револуција. Тие сакаат да го изразат своето незадоволство“, вели Јургенс.

„Огромното мнозинство од овие гласачи не припаѓаат ниту на екстремната десница, ниту на екстремната левица. Тие едноставно се незадоволни.“

„Ако постои политичка волја, можно е да се изгради систем на социјално домување кој обезбедува вистинска социјална заштита без да ги доведе државните финансии до банкрот. Тој може да се финансира преку националниот буџет“, вели Јургенс.

„Ова нè враќа на прашањето за незадоволството на јавноста. За жал, инвестирањето во одбраната е неопходно, но ако тие трошоци станат непропорционални во однос на потребите на луѓето што не можат да си дозволат кров над глава, тогаш нешто не е во ред со општеството и со моделот на социјална заштита низ Европа“, додава тој.

Извор: ТРТ Ворлд


Повеќе
Фон дер Лајен: Русија не го испочитува енергетскиот прекин на огнот, потребен е поголем притисок
„Никеи“: Компромитирани податоци на над 1,8 милиони корисници при упад во „клауд“ сервис
Белгија годинава ќе ѝ испорача 10 борбени авиони Ф-16 на Украина
Фидан: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се градат врз непоколебливо пријателство и братство
Бразил воведува пократка работна недела од 44 на 40 часови без намалување на платите
Пентагон ќе објави извештај за нападот врз училиштето во Иран по среднорочните избори
Путин: Русија одговара на украинските напади врз енергетски објекти
Израелски окупатори нападнаа берачи на маслинки и запалија три возила на Западниот Брег
Зеленски бара повеќе Ф-16 и поддршка за воздушна одбрана поради руските напади
Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје против Иран
Мадуро и неговата сопруга обвинети во САД и за тортура врз политичките противници
Тинејџер уби тројца ученици и наставник во училиште во Орегон
Романските спасувачи трагаат по екипажот на брод запален во Црното Море, наводно погоден со дрон
Белата куќа ја брани прес-секретарката Кејти Закарија поради прашања околу правните акредитиви
17 ученици загинаа при уривање на покрив на училиште во северозападен Пакистан
Северна Кореја тестираше два вида стратегиски крстосувачки ракети лансирани од подморница
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Брод потона во Ормускиот Теснец откако удрил во мина
Германија ќе воведе данок на шеќер во безалкохолните пијалоци
ЕУ предлага одложување на обврските за метан поради притисок врз увозниците на енергија