| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
„Ако е прашањето дали сме подготвени за уставни измени во овој контекст и во оваа состојба не сме подготвени. И да нема никаква дилема околу тоа прашање“, изјави министерот Муцунски.
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема / Other

Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон уставни измени.

Ова го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава.

„Дали ние правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива, не сакам да бидам репетитивен, бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период. Да, правиме. Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на денот, слично со тоа што кажа и господинот Берсе – за објективната посветеност на нашата држава кон европските вредности, коишто се некогаш дури и поширок контекст од примената на заедничката надворешна и безбедносна политика“, рече Муцунски.

Во однос на тоа дека денеска се очекува да биде врачен мандатот за составување влада на Бугарија на Румен Радев, Муцунски рече дека негова цел не е ниту да рецензира резултат од избори, ниту да рецензира изјави кои што доаѓаат од Софија, бидејќи, како што рече, би навлегол во туѓиот наратив.

„Тоа што можам да ви го кажам е дека ние секогаш сме биле подготвени за дијалог и сега сме подготвени за тоа. Недостиг за волја за таков дијалог имаше од страна на соседна Бугарија при постоење на една претходна политичка влада. Јас се надевам дека има свест во Софија дека европската перспектива за нашата држава е значајна за целиот регион. И да нема таква свест и да не се развие таква свест, тоа не значи дека ние размислуваме за некоја алтернатива, но ние ќе продолжиме на патот на реформите, ќе продолжиме на патот на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика и ќе продолжиме да ги споделуваме тие европски вредности во кои што огромно мнозинство на нашите граѓани веруваат. Но, ако е прашањето дали сме подготвени за уставни измени во овој контекст и во оваа состојба не сме подготвени. И да нема никаква дилема околу тоа прашање“, нагласи Муцунски.

ИЗВОР:TRT Balkans
Повеќе
Велика Британија гласа: Локални избори во Англија, парламентарни во Шкотска и Велс
Трамп го повлече планот за заштита на бродовите во Ормускиот Теснец по притисокот од С. Арабија
Два дрона од Русија се урнале во Летонија, тврди летонската војска
Објавена наводна самоубиствена порака на Епштајн
Кина порача дека „деновите за стремеж кон независност на Тајван се избројани“
Зеленски го поздрави враќањето на средствата што ги заплени Унгарија
Трамп: Можен е мировен договор со Иран пред да отпатувам за Кина
Туркије ја промовира имплементацијата- безбедноста на водата во центарот на вниманието на ЦOП31
Израелската армија уапси 17 Палестинци и сруши куќа во рациите на окупираниот Западен Брег
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Беќировиќ: Босна и Херцеговина ги исполни условите за покана во НАТО
Паѓаат цените на природниот гас во Европа по најавите за мировен договор во Иран
Пакистан се надева на траен договор меѓу САД и Иран
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази
Вучиќ: Трамп, Путин и јас ќе се сретнеме со кинескиот претседател Си