| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Пристапувањето кон најголемата програма на ЕУ во областа на здравството е силна потврда за европската перспектива на земјата и за довербата во реформите што ги спроведуваме, кажа министерот за здравство Азир Алиу
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Учеството во програмата е значаен чекор кон понатамошно приближување на македонскиот здравствен систем кон европските стандарди и политики, рече Алиу / Others

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство на Европската Унија изјави министерот за здравство, Азир Алиу кој рече дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ за здравје“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики.

Според Алиу, програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

„Со потпишувањето на Договорот во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор за најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. Пристапувањето на нашата држава претставува силна потврда за европската перспектива на земјата и за довербата во реформите што ги спроведуваме“, кажа министерот Алиу.

Програмата располага со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра и претставува најголемата инвестиција на Европската Унија во здравството. Со пристапувањето кон програмата, Македонија добива можност активно да учествува во европски повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и партнерства со институции од земјите членки и државите учеснички.

„Договорот предвидува ослободување од ДДВ, царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку програмата. Тоа е важно бидејќи европските средства треба во најголема можна мера да бидат насочени кон реализација на проекти од јавен интерес и кон подобрување на здравствените услуги за граѓаните“, додаде Алиу.

Министерот кажа дека веднаш почнуваат со мапирање на потенцијалните корисници и подготовка на институциите за учество во европските повици.

„Вистинскиот успех нема да се мери само со формалното пристапување кон програмата, туку со способноста европските можности да се претворат во конкретни резултати за здравствениот систем и за граѓаните. Веќе од наредната недела почнуваме со следната фаза – активно презентирање на програмата, мапирање на потенцијалните корисници и подготовка на институциите за учество во европските повици. Нашата цел е оваа можност да ја доближиме до универзитетите, медицинските факултети, клиниките, болниците, институтите, професионалните здруженија, пациентските организации и сите релевантни чинители во здравствениот систем“, истакна министерот.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД