Норвешка го победи Брегот на Слоновата Коска со 2-1 со гол во финишот на натпреварот во шеснаесетина финалето до светското фудбалско првенство.
Тој со одличен удар го погоди горниот агол од голот. Завршницата беше толку прецизна што Нуса веќе славеше пред топката да ја погоди мрежата.
ПРЕПОРАЧАНО
Упорноста на Брегот на Слоновата Коска конечно беше наградена во 74-тата минута кога резервниот играч Амад Дијало влезе во шеснаесетникот, прескокна двајца одбранбени играчи и шутираше покрај Ниланд за да израмни на 1:1.
Норвепка победничкиот гол го постигна во 86 минута. Оскар Боб испрати одлично додавање по десната страна за Мартин Одегард, кој ја испрати топката за Халанд да ја погоди мрежата од блиску.






