| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Почина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
Неговото творештво, исполнето со емоција, искреност и љубов кон македонскиот јазик и култура, ќе остане трајна вредност и значаен дел од македонското музичко наследство, соопштија од Министерството за култура и туризам
Почина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
Јаневски дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност (Фото: Владојаневски.мк) / Others

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.

Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Покрај пеењето, свирел клавир, гитара и тапани.

Во 1998 година Владо Јаневски стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде што во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Во текот на кариерата настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006).

Со неговата смрт, македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи автори и изведувачи, чии песни повеќе од три децении се дел од домашната музичка ризница.

Министерството за култура и туризам изрази длабоко жалење по повод смртта на македонскиот музички автор и изведувач Владо Јаневски, оценувајќи дека со своето богато творештво оставил неизбришлива трага во современата македонска музика.

Во соопштението се наведува дека Јаневски бил уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обединил генерации љубители на македонската музика.

Од Министерството истакнуваат дека неговото творештво, исполнето со емоција, искреност и љубов кон македонскиот јазик и култура, ќе остане трајна вредност и значаен дел од македонското музичко наследство.

„Неговата професионалност, уметничка автентичност и долгогодишен придонес во развојот и афирмацијата на македонската популарна музика ќе продолжат да бидат инспирација за идните генерации музичари и уметници“, се наведува во соопштението.

Повеќе
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници