| Macedonian
КУЛТУРА
5 мин читање
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“
Фестивалот ќе се одржи со мото „Само сонот е стварност“, а се очекуваат над 100 гости од странство.
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“ / Other

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.

Комплетната програма и сите фестивалски активности за 17-тото издание на „МакеДокс“ беа објавени на денешната прес-конференција, што се одржа во Едукативен културен центар „Лабораториум“, на која се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи со мото „Само сонот е стварност“, а се очекуваат над 100 гости од странство.

„Горди сме што низ годините „МакеДокс“ израсна во фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови, туку и за да се остане по филмот – да се разговара, да се запознаат авторите, да се разменат идеи и неколку дена вистински да се живее документарниот филм. Годинава имаме и една од најопширните дополнителни програми досега, надвор од самите филмски проекции – со мастеркласови, разговори, панели, работилници, програма под смоквата и индустрискиот сегмент МакеКоПроДокс. Токму тоа сакаме да биде „МакеДокс“ – место на средба. Меѓу филмот и публиката, меѓу домашната и меѓународната документарна сцена, но пред сè, меѓу луѓето - оние сонувачи кои сè уште веруваат дека сонот може да стане стварност“, рече Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.

„Оваа година за нас не претставува само уште едно издание на фестивал. Тука сме да се потсетиме зошто воопшто ни е потребен филмот, зошто ни е потребен сонот. Затоа „Само сонот е стварност“ - за нас не е само мото. Тоа е нешто што тивко го носиме во себе, нешто што нè оттурнува напред кога стварноста станува претесна, кога зборовите не се доволни, кога ни треба нешто повеќе - слика, звук, тишина… чувство. А филмот отсекогаш бил токму тоа. Еден сон што некој се осмелил да го сподели. Една вистина што некој ја почувствувал доволно силно за да ја зачува. И можеби токму затоа документарниот филм е толку близок - затоа што е направен од луѓе што длабоко чувствуваат и љубат. Ова издание е и тивка посвета. На една љубов кон филмот што не згаснува. На една мисла што продолжува да живее. На Илинденка Петрушева – нашата Бабе – која со својата заразна енергија изнедри генарации на посветени филмаџии и филмољупци и нè научи дека киното не е само простор, туку состојба на духот. Дека филмот не е само гледање, туку паметење, грижа и упорност. Затоа ве поканувам – оваа година не само да гледате филмови, туку и да им се препуштите. Да дозволите да ве поместат, да ве вознемират, да ве утешат. И да понесете нешто со себе... Можеби некое прашање. Можеби некое чувство. Можеби еден нов сон“, рече Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“.

Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм, а ќе се одржат и македонските премиери на новите филмови на Милчо Манчевски и Елена Чемерска.

Програмата на фестивалот ќе се одвива во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Шпанија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади. На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Во програмата на фестивалот се предвидени Мастерклас со наслов „Сè што ги обликува документарците“ со Мигел Еек и Ксавиер Марадес; Мастерклас со Алесандро Стелино со наслов „Збогум филмски критичари, здраво навивачи“ за исчезнувањето на една професија што никогаш не постоела; како и панел-дискусија за киното и за филмската критика со наслов „Филмска критика во ера на алгоритми?“. Овие настани ќе се одржат во „Лабораториум“.

Од 22 до 25 август ќе се одржи интензивна работилница за монтажа, под менторство на реномираните монтажери Касија Боњецка (Kasia Boniecka) и Пер К. Киркегард (Per K. Kirkegaard), каде фокусот ќе биде ставен на почетокот на филмот и ќе се истражува како почетната секвенца може да влијае врз неговата структура како драматуршка целина.

Форумот МакеКоПроДоксMake е единствена платформа посветена на зајакнување на копродукцијата во областа на креативните документарни филмови на Балканот. Основан во 2019 година, како дел од 10-тото издание на „МакеДокс“, Форумот прерасна во значајно место за средба на режисери, продуценти, филмски професионалци и претставници на филмските центри од целиот регион.

Во соработка со Словенечкиот филмски центар ќе биде презентиран избор од современата документарна сцена во Словенија, а ќе биде претставен и проектот „Документарница“.

Во попладневните часови ќе се одржат „Муабети под смоквата“ во Куршумли ан, додека во вечерните часови по филмските проекции ќе следува концертната програма „Ноќни приказни“.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

Седумнаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Халк Банка, како и од бројни други амбасади и организации.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници