| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Турска „АРЏА“ ќе отвори фабрика за муниција во Естонија
Турската одбранбена компанија „АРЏА“ и Министерството за одбрана на Естонија потпишаа договор за изградба на капацитет за производство на муниција во Естонија
Турска „АРЏА“ ќе отвори фабрика за муниција во Естонија
Турската одбранбена компанија „АРЏА“ ќе отвори фабрика за муниција во Естонија / AA

Турската одбранбена компанија „АРЏА“ и Министерството за одбрана на Естонија денес потпишаа договор за изградба на капацитет за производство на муниција во Естонија, за време на меѓународниот саем за одбрана и авијација „САХА 2026“ во Истанбул, јавува Анадолу.

На церемонијата на потпишување присуствуваа турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, естонскиот министер за одбрана Хано Певкур, претседателот на „АРЏА“, Исмаил Терлемез, членот на управниот одбор на „АРЏА“, Озгур Родоплу и претседателот на „САХА Истанбул“, Халук Бајрактар.

На церемонијата, Ѓулер потсети дека пред пет години во Естонија со Певкур потпишале друг договор, тогаш за набавка на возила од турскиот производител на оклопна опрема ’Отокар‘.“

„Сега би сакал да го изразам моето големо задоволство што сум овде на церемонијата на потпишување ваков договор меѓу нашите естонски пријатели и 'АРЏА', една од водечките компании во нашата земја“, рече Ѓулер.

Певкур изјави дека договорот дополнително ќе ја зајакне одбранбената соработка меѓу Туркије и Естонија.

„Секогаш е добро да се биде во Истанбул, во Туркије. Верувам дека се соочуваме со историски момент“, рече тој.

„Денес ја имаме честа да ја потпишеме декларацијата дека компанијата 'АРЏА' ќе отвори фабрика за муниција во Естонија, што ја продлабочува нашата соработка“, додаде тој.

Певкур истакна дека Естонија веќе има силна одбранбена соработка со неколку турски компании.

„Ова е многу голема инвестиција во Естонија. Би сакал да ѝ се заблагодарам на 'АРЏА' за таа огромна инвестиција, со која ќе се отворат околу 1.000 работни места во Естонија и ќе започне производството на артилериска муниција со долг дострел за Естонија, за Европа и за земјите од НАТО“, рече тој.

„Значи, ова е особено важен ден за сите нас“, додаде тој.

Повеќе
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
ЕУ и САД се приближуваат до трговски договор, но работата е далеку од завршена
Србија започна со имплементација на СЕПА системот
Велика Британија гласа: Локални избори во Англија, парламентарни во Шкотска и Велс
Трамп го повлече планот за заштита на бродовите во Ормускиот Теснец по притисокот од С. Арабија
Два дрона од Русија се урнале во Летонија, тврди летонската војска
Објавена наводна самоубиствена порака на Епштајн
Кина порача дека „деновите за стремеж кон независност на Тајван се избројани“
Зеленски го поздрави враќањето на средствата што ги заплени Унгарија
Трамп: Можен е мировен договор со Иран пред да отпатувам за Кина
Туркије ја промовира имплементацијата- безбедноста на водата во центарот на вниманието на ЦOП31
Израелската армија уапси 17 Палестинци и сруши куќа во рациите на окупираниот Западен Брег
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Беќировиќ: Босна и Херцеговина ги исполни условите за покана во НАТО
Паѓаат цените на природниот гас во Европа по најавите за мировен договор во Иран