| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
ЕУ и САД се приближуваат до трговски договор, но работата е далеку од завршена
Штотуку заклучивме конструктивен втор тријалог на кој постигнавме добар напредок по прашањето за заштитниот механизам и ревизијата и евалуацијата на главната регулатива, но има уште пат пред нас, рече главниот преговарач на Парламентот, Бернд Ланге
ЕУ и САД се приближуваат до трговски договор, но работата е далеку од завршена
Ланге претходно изјави дека однесувањето на Трамп е неприфатливо, по изненадувачката најава на претседателoт на САД за зголемување на царините

Преговарачите од Европскиот парламент и државите членки на Европската Унија (ЕУ) се приближуваат до договор за законодавството поврзано со трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави денес главниот преговарач на Парламентот, Бернд Ланге.

Пратениците и владите се борат да го финализираат договорот соочени со обновен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и поделбите околу заштитните мерки што ги намалуваат изгледите за брз договор.

По втората рунда тријалог-преговори со владите на ЕУ, Ланге во соопштение истакна дека дискусиите донеле „добар напредок“, особено во прашањата поврзани со заштитните механизми и процесот на ревизија на предложените регулативи.

„Штотуку заклучивме конструктивен втор тријалог за време на кој постигнавме добар напредок по прашањето за заштитниот механизам и ревизијата и евалуацијата на главната регулатива, но има уште пат пред нас“, изјави тој.

Додаде дека преговарачите ќе продолжат да работат „експедитивно и одговорно“ за да осигурат дека се почитуваат и „буквата и духот“ на договорот од Тарнбери, притоа придржувајќи се до демократските процедури и законодавните рокови на ЕУ.

Следната рунда преговори се закажани за 19 мај во Стразбур.

Трамп во петокот изјави дека ќе ги зголеми царините за возилата од Европската Унија на 25 проценти од сегашните 15 проценти, бидејќи ЕУ не се придржува до условите од договорот постигнат во Шкотска минатиот јули.

Многу земји-членки на ЕУ се заинтересирани да ја избегнат таа закана и се залагаат за брзо спроведување на законодавството за отстранување на царините за американските индустриски стоки и давање преференцијален пристап за американските земјоделски производи, како што е предвидено во трговскиот договор.

Но, девет месеци по постигнувањето на договорот, Европскиот парламент и Советот, телото што ги претставува владите на земјите-членки, сè уште не се согласиле за заеднички текст пред намалувањето на царините да стапи на сила.

Ланге претходно изјави дека „однесувањето на Трамп е неприфатливо“ по изненадувачката најава на американскиот претседател за зголемување на царините.

Предложеното законодавство произлегува од трговскиот договор од Тарнбери меѓу ЕУ и САД, постигнат на 27 јули 2025 година во Тарнбери, Шкотска, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Договорот, подоцна детално опишан во заедничката изјава објавена минатиот август, се фокусираше на намалување на царините и поширока трговска соработка меѓу САД и ЕУ.

За спроведување на одредбите за царините, Комисијата на 28 август претстави два законодавни предлога.

Едниот предлог би овозможил преференцијален пристап за одредени американски стоки што влегуваат на пазарот на ЕУ, додека вториот би го продолжил режимот со нулта царина за увоз на специфични производи од јастог.

Европскиот парламент го усвои мандатот за преговори со Советот на 23 март.


Повеќе
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
ЕУ и САД се приближуваат до трговски договор, но работата е далеку од завршена
Србија започна со имплементација на СЕПА системот
Велика Британија гласа: Локални избори во Англија, парламентарни во Шкотска и Велс
Трамп го повлече планот за заштита на бродовите во Ормускиот Теснец по притисокот од С. Арабија
Два дрона од Русија се урнале во Летонија, тврди летонската војска
Објавена наводна самоубиствена порака на Епштајн
Кина порача дека „деновите за стремеж кон независност на Тајван се избројани“
Зеленски го поздрави враќањето на средствата што ги заплени Унгарија
Трамп: Можен е мировен договор со Иран пред да отпатувам за Кина
Туркије ја промовира имплементацијата- безбедноста на водата во центарот на вниманието на ЦOП31
Израелската армија уапси 17 Палестинци и сруши куќа во рациите на окупираниот Западен Брег
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Беќировиќ: Босна и Херцеговина ги исполни условите за покана во НАТО
Паѓаат цените на природниот гас во Европа по најавите за мировен договор во Иран