Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, изрази надеж дека „силниот повик“ на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Генералното собрание на ОН за свет заснован на мир, човеково достоинство и правда ќе допре до совеста на меѓународната заедница.
Емине Ердоган го следеше говорот од салата на Генералното собрание на ОН, каде што претседателот Ердоган, откако двајцата заедно дојдоа од Турската куќа, односно Центарот „Туркеви“, до седиштето на ОН.
„Ердоган, гласот на правдата. Нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ се обрати на човечноста од подиумот на 81-то Генерално собрание на ОН. Се надевам дека неговиот силен повик за свет заснован на мир, човеково достоинство и правда ќе допре до совеста на меѓународната заедница“, напиша таа на својот профил на социјалните мрежи.
Првата дама сподели видео во кое ги истакнува настаните на кои присуствуваше на првиот ден од нејзината посета на Њујорк за 81-то Генерално собрание на ОН.
„Заштитата на нашиот свет од климатската криза и на нашите деца од ризиците на дигиталното доба бара солидарност што ги надминува границите и споделена одговорност кон иднината“, напиша Емине Ердоган, која е и претседателка на Советодавниот одбор на истакнати личности на ОН за нула отпад, во објава на социјалните мрежи.
Видеото содржеше снимки од настанот за отворање на Неделата на климата во Њујорк, како и од настанот насловен како „Невидлива архитектура: Градење безбедни дигитални системи за деца - Унапредување на меѓународните стандарди и споделена одговорност“.
Исто така, беа прикажани снимки од настанот „100 години пријателство: Туркије - САД“, на кој Емине Ердоган присуствуваше заедно со претседателот Реџеп Таип Ердоган.





















