| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Заеднички интерес е ова пријателство со Словенија да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти, кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството, рече премиерот
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Остануваме цврсто посветена на европската иднина и на реформите што носат подобар живот за граѓаните, му порачал Мицкоски на словенечкиот колега

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски остварил средба со претседателот на владата на Словенија, Јанез Јанша на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк .

Според Мицкоски, двајцата премиери разговарале за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

„Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите што носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен - европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања, кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Тој нагласи дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.

„Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти, кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава“, напиша Мицкоски.

Повеќе
Ердоган во ОН: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор на нашето време
Ердоган и катарскиот емир разговараа за регионални и глобални прашања
Трамп смета дека Украина и Русија ќе склучат договор
САД, Данска и Гренланд потпишаа договор за безбедност на Арктикот
Дипломатски извори: Франција му дозволила прелет на авионот на Нетанјаху на пат до Њујорк
Данска и Гренланд го поздравија договорот со САД за безбедност на Арктикот
Трамп очекува договор со Иран по изборите во САД на средината на мандатот
Трамп: САД ќе изградат две големи воени бази на Гренланд според договор со Данска
Ердоган ги повика земјите што сè уште не ја признале Палестина да го преиспитаат својот став
Осум земји го повикаа Израел да ги исполни обврските од првата фаза од мировниот план за Газа
Гутереш: Израелските акции на окупираниот Западен Брег се закана за етничко чистење
Нетанјаху го обвинува градоначалникот на Њујорк, за поттикнување омраза против Евреите
Фидан го брани одбранбениот пакт од Мека од критиките за Јемен
Истрага во Чешка за можно протекување на податоци од два милиони луѓе
Австриската влада се согласи да го продолжи задолжителниот воен рок