Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?
КУЛТУРА
2 мин читање
Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?На Женскиот пазар се доаѓа за материјал за свечена облека, за мало делче потребно за некоја поправка или за предмет што тешко се наоѓа на друго место
Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?

Во близина на Бит-пазар, на самиот раб од Старата скопска чаршија, се наоѓа простор во кој речиси секоја замисла може да добие свој облик. Женскиот пазар е лавиринт од мали дуќани исполнети со текстил, конци, копчиња, украси, алати и безброј ситници – од оние што секојдневно ни се потребни до предмети за кои не сме ни знаеле дека постојат.

Иако денес е најпрепознатлив по богатата понуда на текстилни материјали, пазарот низ годините се менувал и се приспособувал на потребите на купувачите. Бурак Туша, еден од сопствениците на дуќан на Женскиот пазар, во разговор за ТРТ Балкан раскажува дека во деведесеттите години просторот бил познат по продажбата на стар мебел, а подоцна постепено се пренаменил во пазар за текстил и друга разновидна стока.

За него, овој простор не е само место за работа, туку дел од семејната историја. Знаењето и искуството се пренесувале од постарите на помладите, а продавачите што со години работат едни покрај други изградиле посебна блискост.

„Ние се знаеме секој со секого и што и да треба, тука сме еден за друг, како една цела фамилија“, вели Туша.

Токму компактноста и разновидноста се меѓу главните особености на Женскиот пазар. На мал простор може да се најде речиси сè, без долго пребарување низ различни делови од градот. Според Туша, тоа го прави пазарот интересен и за помладите посетители, кои покрај широката понуда ги привлекуваат и пристапните цени.

Но, купувањето не е единствената причина поради која луѓето се враќаат. Дел од посетителите доаѓаат поради чувството на блискост, традицијата и непосредниот однос со продавачите.

„Има клиенти што не доаѓаат само поради цената или стоката. Доаѓаат затоа што ова е Женскиот пазар, затоа што тука има традиција и историја“, посочува Туша, опишувајќи го местото како народско и автентично, без ништо вештачко.

На Женскиот пазар се доаѓа за материјал за свечена облека, за мало делче потребно за некоја поправка или за предмет што тешко се наоѓа на друго место. А понекогаш, меѓу полиците преполни со најразлични нешта, посетителите откриваат и нешто што воопшто не планирале да го бараат.

Повеќе
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници