Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука донесе одлука за новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од 14 октомври од 00:01 часот.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година, но цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло остануваат непроменети.
Според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по најмногу 98,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 100,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 97 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 108,50 денари за литар.
Промена има кај мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 2,145 денари за килограм и ќе изнесува 51,742 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светскиот пазар се намалиле кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот е забележан раст. Врз пресметката влијаело и зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот за 1,2931 отсто.
При утврдувањето на цените се применети владините мерки за намален ДДВ од 10 отсто за ЕУРОДИЗЕЛ и намалена акциза од четири денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и кај дизелот.
Од Комисијата појаснуваат дека објавените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.



























